во (предл.) - игра (имн.)

Беспримерното постигнување на телото... во уметноста е визуелизирање на постојано изменливи, меѓусебно признавачки релации на моќ и потреба, внатре во измените на односот субјект/објект.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
„Погледнете ги Шел протестите, протестантите по патиштата, ДИЅ културата.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Кога телото станува материјална потпора, субјект, содржина на уметноста, тоа ја задржува можноста да ги измени детерминираните и фиксни односи коишто некогашниот објективен статус на уметноста ги бараше во играта на субјективитети поставени и емитирани со телесни гестови, структури и односи.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Место да се чувствуваат како заложници во играта, луѓето чувствуваат дека може да сторат нешто, без да минат низ официјалните канали.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
На луѓето пак, како на вистински кучкини синови, им успева, како во забава, како во игра, со лес, да ме држат не со нив, на нивно рамниште, туку на растојание, и да остават нивните осила да ги осетам од подалеку.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Татко му, кога ќе го сретне неговиот поглед, како да сака да му се насмевне, да му покаже дека сето си е како што било, дека еве пак сите тие учествуваат во играта.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Затоа се фрли со сета енергија во играта.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Добро е што жена му не му пожелува успех во играта, сега тоа би звучело иронично.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
И надвор во игрите, прифаќајте го и не оставајте го да се чувствува осамен и туѓ.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
„Чувај нерви, братче! Така не се игра. Ладнокрвно, спокојно, дури и блефирај.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Елеганција во играње карти - и кога добиваш, и кога губиш.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Што е тоа - скокање и викање? Зарем не учиш од каубојските филмови?
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Најпосле, мислите му се сталожија, се внесе во играта и, со најсилните карти, ја доби партијата... XXXI Деновите брзо минуваа по Татковото враќање дома.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Духовната игра станува обележје на вистинската сувереност, европскиот свет треба да се обедини во игра, бидејќи силата за создавање групи е еден од битните елементи за создавање култура.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Личеше на дете кое, ограничувано во игрите од строги родители, оставено само ја превртува целата куќа...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Тоа дури имаше и своја добра страна, зашто меѓу врсниците во игра може да се изроди и тепачка, додека меѓу Кирил и Бојан тоа беше невозможно.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Низ целиот ANEMIC-CINEMA, ја забележуваме оваа амбивалентна перспектива, веднаш во анаграмот, во огледалото, во играта со зборови и во спиралата која се врти.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Изгледа дека причините за смртноста се резултат на дехидрација и прегрејување предизвикани од часовите минати во играње во ноќните клубови, иако постои и можност некои луѓе да се алергични на оваа дрога.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Има моменти кога по ваквите истрели смртта не се јавува во играта, тогаш остануваат на стрелиштето само синовите и ќерките на стравот и статистичарот со мастилава крв осуден да ги памети страшните бројки и да ги запишува со ракопис на праведник шупливите насмевки на преживеаните.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Тоа е игра на двајца кои не си веруваат па сепак во играта не се служат со измами.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Се разбира, во играта Ја вложувам сета моја умешност а во пресудни Моменти и добриот анѓел го викам да ми помогне Но тој не се јавува.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Тогаш влезе Фискултурецот во игра; беше накострешен, како паун, како онојпат кога пееше во Стоби; праша: „Што ви значи потписот на есејот, Соломон-909?“
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Не напала во неа нешто „необично или лудо“, како што се изрази Даскалов.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
А бидејќи не се заинтересира кого во играта го промовирав за татко сфатив дека за неа играва не претставува ништо посебно.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Бевме добри другари и во игрите и во училиштето, а пак како дрвари бевме неразделни.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
- Плива како делфин! - се восхитуваше некој друг капач, навикнат секој ден да ужива во играта на малиот коњаник.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Доколку завладее со оваа нова, симболичка енергија на измолкнување, веќе нема да биде заплетен во играта, на оние невидливи облици на власт, во кои тој е истовремено и објект и инструмент.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Наместо критички да ја подрива туѓата, би можел забрзано да се пренасочи иронично да ја поткопува својата, заслепувачка моќ.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
- Васко ќе е поп, предложи Андон и самиот занесен во играта.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Затоа, жариштето на анализата нема да биде во социологијата на вкусот, во етнографијата на посебните сексуални заедници, во односите на конкретните публики на популарната култура, во дејствувањата на масовните медиуми, во општествената нееднаквост, во структурното насилство и во играта на моќта – што можеби ќе изненади некого, со оглед на тоа колку многу можат да придонесат тие подрачја на проучување кон разбирањето на машката геј-култура.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Ти посакувам да победиш во играта која до сега никој не ја добил. 1. септември 2012 Последната станица Како што метрото се оддалечува од централниот Штефансплац станиците стануваат сè помрачни.
„Најважната игра“ од Илина Јакимовска (2013)
Кога за првпат едно дете му викна „копиле“, откако го победи во играње џамлии, тој не го разбра зборот.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
„ЕНГЛЕЗИ“ Како деца, во игрите со воена содржина, малкумина се согласувавме да бидеме претставници на непријателската војска.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Ние во игрите се трудевме да го имитираме фонетскиот израз на јазикот на вестерн филмовите. Зборувавме онака како што слушавме.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Истото важи и за театарџиите. Не може некој да е актер, а да не сака или да не ужива во играта на другите актери.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Е, во тоа време кога никој не беше видел телевизор во боја, ние во игрите и во дијалозите се користевме со „наш“ јазик.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Не го нарекувавме „нашки“ јазикот на кој говоревме во игрите, но тоа беше јазик што го разбиравме само ние.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Им вели дека во игрите зборуваме на некаков чуден јазик, но од движењата што ги правиме и од предметите што ги имаме во рацете (дрвени пиштоли и смешни лакови и стрели) може секој да заклучи дека се работи за игри во кои многу се пука, се покажува јунаштво, то ест многу се умира.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Ја слушав мајка ми како се фали дека ужива во игрите што си ги измислувам.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Душата е жолта и црвена, мислеле загледани во играта на пламенот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
А коските? Тие не му се предаваат на огнот и живеат илјада години подолго од месото и од жилите.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Токму тогаш кога тој јаз ќе стане преголем на сцената стапуваат науката и нејзините многубројни соперници во играта што се нарекува создавање на реалноста - религијата, уметноста, музиката, мистиката.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Самата влезе во играта и мораше да ја игра до крај.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Со моќноста во играта со зборови знаеше да ги развесели и оние на кои солзите им беа на патот за да капнат.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Сеедно што, ако беше така, ако свети Јован Крстител го одвел Бошета, остана отворено прашање кое беше чупалето - Божја ќерка?! - кое беше лично како цариче и кон кое и сами Јанческите и сите другите се однесуваа како да е навистина цариче, (Јанчевци од залакот си делеа за да го облекуваат во коприна; дури и градски кревет му купија, го поставија во женската одаја, веднаш под пенџерињата што гледаа во дворот и на гумното и двојно ги зарешетчија), а тоа заедно со децата Јанчески и заедно со сите деца од Потковицата си играше и си растеше со ништо не разликувајќи се од нив, ниту во игрите ниту, пак, во говорот.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
А кога сето тоа, управувањето со Имотот, му здотежа на татко му негов, инаку болежлив човек, и тој сè арниса, целото време му поминуваше во играње папаски, дама и табла со Ибрахим бег, татко му на Тахир бег Јаузоски.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Шумеше во потсвеста зрелата `рж, стануваше разбранета во играта на светлоста, се претопуваше под маглата од која испловуваа меки кадри со исто таква боја.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Потекнува од уметничко семејство. Останува сираче на неполни две години.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Вториот е Крсте Чачански, чиишто раскази се како енигми, гатанки и ребуси, како македонски сфинги пред коишто остануваме често без точен одговор, но секогаш обземени од чувство дека нешто битно сме откриле и дека сме се облагородиле во еден миг во којшто се слеани во една целина носталгијата по далечното и задоволството во играта.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Покрај кралевите, во играта учествувале слонови, коњи, коли (топови) и четири пиони во следниве четири различни бои: црна, зелена, жолта, црвена (заб. на ред.).
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Другите будалштини дека животот е краток и верна копија на сонот ги препознавам во нејзиниот силен глас но отпосле, години потоа низ песокот на истеченото време и за да ја стиши мојата возбуда, пресметано и смерно, ептен нежно ќе рече: не би го гребнала ни со мисла твоето достоинство, сигурно.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Познавав едно такво момче, на возраст од околу осум години, чијшто успех во играта ’пар-непар’ предизвикуваше општо одушевување.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Тоа е нејзиниот прв потег: гледам во нејзината мила насмевка, во задоволството на иронијата, во играта, во фигурите што се вистински слонови и други животинки, мајмуни, војници, коњи.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Новиот во играта обично сака да го збуни противникот со тоа што ќе зададе имиња испишани со најситни букви; но искусниот играч избира зборови со големи букви што се протегаат од едниот до другиот крај на картата.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Мислам дека е јасно - Ана (Маргарита) ќе тргне по секојдневниот или пак случаен пат, додека кај мене тоа беше работа на одлука, јас бев решил, уште и пред да влезев во возот, дека доколку некој упадне во играта а се симне на Данфер-Рошро, мојата врска ќе биде линијата Насион-Етоал, како што во случајот Ана (Маргарита) да слезеше на Шатле, можев да ја следам единствено доколку ја фати врската Венсан-Неи.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Таа плачеше, ја чувствував како трепери покрај мене иако и понатаму ме топлеше, иако и понатаму ме придржуваше со целото свое тело потпрено врз yидот на мртвите; ништо не ме праша, не сакаше да знае ниту зошто ни откаде, немаше намера да се бори против машината поставена од цел еден живот спротиставен самиот на себеси, 63 спротиставен на градот и на неговите лозинки - само тој плач на повредена животинка, тој безволен отпор спрема победата во играта, скршен отпор на разбранетата игра на пајаците во бунарот.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Шумеше во потсвеста зрелата 'рж, стануваше разбранета во играта на светлоста, се претопуваше во магла од која испливуваа меки кадри со исто таква боја.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Фокс го кажа името на главниот конкурент на „Хосака” во играта со гените, јасно и гласно, прекршувајќи го правилото за користење на лични имиња.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Имаме упатување и непочитување, овој пат некамуфлирани во самото свое престорување, во однос на Leonardo; ова подбивно симнување на шапката пред стариот мајстор чиј што татко, Ser Piero, бил бележник, како и таткото на Marcel, и кој, како и тој, наоѓал задоволство во игрите на транссексуалност.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Зетот Богдан ја поткренал ногата повисоко од невестата, со цврст отсек, му се гледаат белите волнени чораби под ногавиците на бечвите порабени со гајтан; при замавот, дуплите ракави на џамаданот му се поткренале нагоре како крилја од птица; под фесот зафрлен кон тилот му стрчи парче коса како празови лисја влажна од пот; погледот му е свртен кон невестата која ја следи во играта.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Вајс сето време го проведуваше во играње шах со персоналот на Пансионот.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Камилски, занесен во играта на значењата на зборовите, заведен во нивниот лавиринт, го губеше чувството за време.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Иле во игра карти, иле во животот!
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
27. ИМАРЕТ.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Не може да ги разбере чудните стари играчи со отсутни мисли, но толку присутни во играта, вешти, превешти во ракувањето со картите зашто не играат на добивка кога таа им беше често гарантирана.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Беше дамна мината полноќ, Камилски продолжи да го дополнува куќниот инвентар со турските имиња на другите куќни садови, со сѐ уште незавршена употреба.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Но хармонијата ја расипуваше секогаш четвртиот непознат партнер во играта.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Вие добро се вклучивте во играта, а велите не сте знаеле да играте? му се обрати тивко Мустафа С. на Климента Камилски.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Климент Камилски, на задоволство на играчите, брзо се вклопи во играта.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Тројцата партнери во играта сакаа да стигнат до победничкото чувство, секогаш од некакви посебни побуди најмногу поврзани со нивните лични судбини.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Се случуваше новиот играч да биде најмногу предмет на разговорот, особено ако добро се вклопеше во играта и амбиентот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Но и тој им се доверуваше на своите двајца пријатели дека на крајот на краиштата не би можел да гарантира каков ќе биде во играта и во однесувањето газдата на арабаџиите.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Не вложуваа ништо во играта и тој уште губеше додека одеше со нив низ дворот и низ тихиот ходник долг како вечност.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Како тоа ѕверствата на едни постојано кај другите да ја поттикнуваат волјата за ѕверства (и обратно), како едвај да се чека некој да почне со ѕверства за сите да нѐ вклучи во игра.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Тогашните моќници во светот, генералниот секретар на ООН Курт Валдхајм, Кисинџер и Громико, министри за надворешни работи на САД и СССР, беа во принцип согласни за среќна разврска.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Тоа ќе создаде гротескни ситуации, кога неговите потенцијални наследници ќе учествуваат во невидени сцени на еден театар на апсурдот во играта со немоќниот владетел!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Медицинскиот државен удар ја спаси земјата од неговите илузии да го стигне местото во историјата, за кое повеќе немаше моќ, со што можеше да ја загрози стабилноста на малата држава под налетите на исламскиот интегризам кој експлодира во светот по големата петролејска криза во 1973 година.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Се смета дека палестинските водачи тогаш ќе ја направат историската грешка поставувајќи услови за нивното учество, односно на тој начин влегувајќи во играта на Хенри Кисинџер, кој маневрираше зад кулисите за да ги исклучи од историскиот процес едновремено и Организацијата за ослободување на Палестина, СССР и ООН, да ја заклучи Конференцијата во Женева за да се појде по политичкиот пат на решавање на судирот, чекор по чекор , што одеше во прилог на стратегиските интереси на САД во однос на мирот и заштитата на израелските интереси.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Под густите сенки на манастирските палми, во миризливата јасминова градина, во играта на сините бранови, кои му го засилуваа чувството на живеење ја прелистуваше големата книга на животот во која беа впишани големите страници на историјата во која беше активен протагонист и во која додека беше сакаше со сите средства да си избори што повисоко место: изборената автономија, па независност од Мандес Франс и Франција, неговите историски односи и средби со своите современици - мароканскиот крал Мохамед V, саудискиот крал Фејсал, Шарл Де Гол, Тито, Ајзенхауер, Мандела, Кенијата, па дури и Франко, со кого се сретна во 1950 година...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Од друга страна, како може девојче од единаесет години да пресуди правилно во игрите и битките на родителите?
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Се истакнувам во игрите. Бев командир на чета во Шпионите.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Легнат на грб се обидував во отсјајот на мижуркавата светлина на канделабрите од улицата да откраднам искра од нејзините очи за да можам во играта, која не смеев и не сакав да ја одлагам, да бидам свој онолку колку што таа ме познаваше. Попусто трагав по таа искра.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Пред два месеца Асја во играта ја вклучи и својата малолетна внука Сања која, уште како малечка, често доаѓаше кај својата тетка, на поседок.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Се сеќавав во тие мигови дека ова прашање, додека бевме заедно, често си го поставувавме изземајќи се самите себе од можноста да завршиме во мрежата која од ден во ден стануваше сѐ погуста од случајни или намерни учесници во играта.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Мислам дека Нинослав наивно влегуваше во играта или: на почетокот тој не беше свесен за тоа, а кога ги разбра работите, веќе беше доцна.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Ме повлече некоја невидлива сила во играта, некоја таинствена плетка од случајности, некоја самоизмама која за секогаш за мене ќе остане тајна, но ме повлече и ме задави и некој див нагон, нешто ѕверско што секој од нас го носи длабоко во себе, некоја алчност, незаситност.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
„Се плашам да бидам слободна,“ ми рече.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Шефот целиот беше внесен во играта и се радуваше на успесите што се редеа на теренот.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Ема таа ноќ беше воздушеста, нестварна, со сè она што ми беше познато, а толку необично во играта со сенките, со голите гради, со двете танки, едвај видливи, бранчиња на стомакот и со волната од горниот дел меѓу нозете што се вплеткуваше со волната меѓу моите нозе; ја гледав благо зафрлена наназад, потпрена на рацете, првпат така целосно фатена во мрежата на сенките од розовата светлина на пред малку запалената столна ламба, од левата, и светлината на уличните канделабри, што трепереше преку завесата на прозорецот, од десната страна.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Го правеше тоа со притаена лакомост, со такт на искусна волчица која на гладта ѝ одговора со удолжување на времето до првиот залак, со блажен садо-мазохизам проткаен во игра, во ритуал на бавно приближување до жртвата за која, секој миг на исчекување да стане плен, преминува во вечност.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Каде сме ние, среќници во блискоста што ги отвора порите на невидливото ние, замолкнати од сопственото безречие ние, телесни во играта на соништата застануваме зашто ангелите одат пеш кон нас.
„Записки“ од Милчо Мисоски (2013)
12. НЕ МЕНУВАЈ ГО ЗБОРОТ КАКО ВРЕМЕТО ВО МАРТА - ново правило не е воведено во играта стара за во следната тура да ти се додели карта со која би го коцкал него како ситна пара...
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
Секој нареден глас влегува во играта пеејќи ја главната тема, и притоа е често придружен со секундарната тема од некој друг глас, додека веќе влезените гласови продолжуваат да еволуираат зависно од имагинацијата на авторот.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Се приближувала војната, француските весници ги разгледувале можностите за заштитата на Париз од севозможни воздушни напади, а Набоков сѐ уште бил вовлечен во играта на литературни мистификации.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
СТОЈЧЕ: (Се зафаќа настрана во играње со ашици).
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Паралелно со работните обврски ужива во играње видеоигри, соработува со списанието "Максимум ПЦ", го позајмува гласот во Манга-цртани филмови, а се појавува и во филмот "Биг Лебовски" на браќата Коен.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Тие всушност немаат поим дека ти си во играта.
„Или“ од Александар Прокопиев (1987)
-Почитуван докторе, иако имам разбирање за глупостите и за лудоста, иако сфаќам дека можеби сум им наклонет сепак не сметам дека спаѓам во овие категории Ја сепак седам скраја.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Но, во принцип, сака да е предводник во играта Одгајувач на сомненија.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
- Едната, учесници во играта, и втората обични гледачи.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Дали, барем еднаш, и тој учествувал во играта што ја смислиле и практикувале Јана и Зрновски?
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Се разбира сиот ѝ се понудив, иако барем до таа вечер имав поинакво сфаќање за моето место во играта што сега ѝ го бев отстапил нејзе.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Влегов во играта и враќање назад нема!
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Но никое од децата не го примаше во играта, зашто ни тој, ни Лидија, не знаеја да играат некоја игра токму онака како што се играше.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Иако еднаш ми рече: „Сѐ едно дали сум таму, со нив, или овде стојам, јас сум во играта.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Милчо често ја вклучуваше Венче и во играта на неговите другарчиња кои му се лутеа што им се пика девојче во игри што не се за неа, која им пречи.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Што му би на Дудана, занесен ли беше во играта, покажа со прстот на земјата и рече: „Довде ...“
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Жените во играта го наоѓаат задоволството во флертот, навестувањето на забранетото овошје.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Каде се некогашните магови, толку умешни во игрите со маските, еротиката, делиријумите?
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Но, и да сакаше, тој не можеше да стане пустинак. Беше неумоливо предаден во Играта.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Второстепеноста, за која се сметаше дека може да се резервира за писмото, го зафаќа секое означено воопшто, секогаш веќе го зафаќа, т.е. од влегувањето во игра.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Несомнено, не е случајно тоа што ова пречекорување на границите доаѓа во мигот кога проширувањето на поимот на говорот ги брише сите негови граници.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Во ваква празнична атмосфера и возрасните се враќаат во сопственото детство, се враќаат од далечната магија, се внесуваат во играта што ја гледаат и во звукот што го слушаат, па со нозете тупкаат во ритамот на песната - Дојде Дедо Мраз!!!
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
ВЕЛКОВ: Вие од нас очекувате да ви попуштаме во играта.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
На определените места пионерите пристигнуваа организирано, поминуваа цел ден во игри и одмор, а навечер, пред да се вратат дома, го чистеа местото од отпадоци, го средуваа да биде убаво и привлечно какво што било.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Во играта, прво се раскаравме. Уште ни сами не знаевме што играме, ама некој рече Ѕвезда да ни биде срна а ние да бидеме комити.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
И, потоа, гледајќи ја право в очи, цело време неодредено насмена, влезен во играта на меѓусебното ловење, ѝ рече: „Можевте да ги оставите децата да поседат“.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Верува дека нема да го пропушти, во тоа неговиот творечки дух насетува прикаска, но тој е автор кој, прво, пишува за свое задоволство и, второ, сака да си постави мамка на која ќе се фати за да може добро да влезе во играта и успешно да исплива од неа.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Се присетив и на чувството како е да си безгрижно и заиграно дете, заштитено од родителите и запловено во играта на сопствената фантазија.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Но, ете, се вклучив во играта и немаше назад.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
- Плива како делфин! - се восхитуваше некој друг капач, навикнат секој ден да ужива во играта на малиот коњаник.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Со неа може за сè да се разговара, а пак за играње игри е цар: умее да се занесе во играта како да е вистинска и јас многу сакам да се дружам со неа.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Единственото нешто што не ѝ чини ѝ се родителите.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
И пак им се придружив на децата во играта со топка.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Да, можам точно да објаснам: се однесуваше како ние учениците на здодевен час, кога наставничката предава, надвор е пролет, убав сончев ден, се слушаат весели детски гласови во дворот, а нам не ни е умот на часот, туку некаде надвор, во игрите, па наставничката, откако ќе го забележи тоа, ќе рече: „Ама, не сте тука, а?“
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
По некое време, еве ти ги Снеже, мајка ѝ татко ѝ го паркираат автомобилот крај „Плавата и излегуваат еден по еден”.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)