Виде уште еден убиен - црн, клунест со закопани нокти во килимот прошаран необично со црвени капки и ситни срчи на очила.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Го собирав во килим во парчиња, плачевме сите, дури и некои без душа.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
И такви какви што бевме, умеевме со радост да гледаме како изгрева сонцето и да ги разликуваме сите мени на утринските бои; умеевме со восхит и страст да му се радуваме на сончевиот зрак што преку цепнатинките на бараките се разигруваше на ѕидот; знаевме во него да гледаме се додека го снемаше, да гледаме во молк и исполнети со надежни мисли; знаевме во свежите зори да го слушаме ведриот пој на птиците; знаевме до зачудување да се загледуваме во чашките на расцутените цвеќиња, во кои проигруваше пчела, во килимот на зелената трева и до бесконечност да го следиме облачето заскитано на синото небо...
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)