Таму, во лозјата се собраа дечишта, па и по некој возрастен и Ѓорѓи им држа реч, да се дигне народот против беговите и чорбаџиите, да коле и тепа народни изедници и на крајот да се дигне и на востание како Коприштица, Пештера, Батак и други места во Бугарија и Србија што направија и, ете ги сега слободни, та „и ние да се ослободиме“.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Другар му го изведе веднаш в лозје, повеќе дека сакаше самиот да го искористи сонцето.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Одеднаш тој слуша шушкот во лозјето над себе и како одење од човек.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Во лозјето тој си има свое место за седење, под крувчето.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Ќе подраниме во лозјата да видиме дали цути виновата лоза, дали заврзува грозјето...
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Да ми тропнат, леле, на порта, по дворје и одаи да ми се растрчаат, да ми се распеат во бавча китна, во лозје зрело и ливада зелена, Господе златен, семоќен, та тапан да удри и зурли да писнат за свадби, за првачиња и мераците да потечат ко река, леле... Кога ќе ми се вратат, леле, кога?
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
БОЖАНА:„На работа, вели, тука, во родниот крај со овци по гора, со рало по нива, со прачка во лозје“!...
„Печалбари“
од Антон Панов
(1936)
Луѓето наследиле од дедовците навики и знаења; напролет го садат компирот на онаа педа земја што ја имаат, се веднат со копачките во лозјата зад ридот, го следат со очи снежното окопнување во дабовиот честак; налето се виткаат над компирот да го приткријат со тврдите грутки, ги колнат ненаситните кртови, чекаат дожд, наесен го слават гроздоберот и вардат - што помалку леб ќе се изеде, со повеќе зрна ќе се засеат ораниците.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
И потем Фисот ме фати за коса, ѝ рече на Луција „Избриши го“, и таа потем долго ме бришеше со шамичето; гледав солзи во нејзините очи; тоа не беше онаа Луција од разбојот, којзнае дали некогаш воопшто и постоела таква Луција, си мислев; гледав пред себе жена во солзи, сподобие страсно во писмо што го преточив, во песни; жена со очи гулабови; со коса како стадо кози, кога слегуваат од Галадската гора; со заби – стадо истрижени овци, кога излегуваат од капење, од кои секоја има по две јагниња и јалова нема ниедна; со усни – алова панделка, со уста слаткоречива, со јаготки на лицето како половинки од калинка; вратот ѝ е како кулата Давидова, изградена за оружје: на неа висат илјадници штитови – сѐ штитови на јунаци; градите ѝ се како близначиња од млада срна, кои пасат меѓу кринови; еве ја, плаче пред мене и ми ги подава рацете, и вели: дојди мил мој, да излеземе во полето, да преноќеваме по селата; утре рано ќе појдеме во лозјата, да видиме дали потерала лозата, дали се отвориле пупките, процутеле ли калинките; таму ќе те опсипам со милувања; еве ја, стои пред мене и јас ѝ велам: О, колку се убави нозете твои во сандали, ќерко знаменита!
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Очите твои се гулабови под твојот превез; косата ти е стадо кози, кога слегуваат од Галафската гора; забите твои – како стадо истрижени овци, кога излегуваат од капење, од кои секоја има по две јагниња и јалова нема ниедна; усните твои – како алова панделка, а устата твоја слаткоречива, со јаготки на лицето како половинки од калинка; вратот ти е како кулата Давидова, изградена за оружје: на неа висат илјадници штитови – сѐ штитови на јунаци; градите ти се како близначиња од млада срна, кои пасат меѓу кринови; Таа: дојди мил мој, да излеземе во полето, да преноќеваме по селата; утре рано ќе појдеме во лозјата, да видиме дали потерала лозата, дали се отвориле пупките, процутеле ли калинките; таму ќе те опсипам со милувања; Тој: О, колку се убави нозете твои во сандали, ќерко знаменита!
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Оти: си влегол, татко, во одајата со записот проклет, но очите не си можел да ги одвоиш од буквата Ж, буквата девојка, што зографот-краснописец ја нарисал да биде со очи питоми, со раце и нозе раширени, спремна да го познае мажот свој; Оти: си видел жена, сподобие страсно во писмо, клопче отровно, со очи гулабови; со коса како стадо кози, кога слегуваат од Галадската гора; со заби – стадо истрижени овци, кога излегуваат од капење; Оти: вратот ѝ е како кулата Давидова, изградена за оружје: на неа висат илјадници штитови – сѐ штитови на јунаци; градите ѝ се како близначиња од млада срна, кои пасат меѓу кринови; Оти: твојот страстен поглед ѝ дал топлина на буквата-девојка, и таа оживеала, и скокнала од писмото-клопче, па паднала пред твоите нозе и почнала да ти ги бакнува стапалата; Оти, ти рекла: дојди мил мој, да излеземе во полето, да преноќеваме по селата; утре рано ќе појдеме во лозјата, да видиме дали потерала лозата, дали се отвориле пупките, процутеле ли калинките; таму ќе те опсипам со милувања; Оти: иако си му се заветувал на Бога по раѓањето на твојот единствен (сега ја разбирам смислата на нагласката на овој збор во говорот на Лествичникот пред логотетот!), син Лествичникот, си ѝ рекол: „О, колку се убави нозете твои во сандали, ќерко знаменита!
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Знаеш, пречесен, на меропсите им остана во закон, освен што го даваат царскиот перпер, неделно уште по два дена да му работат на пронијарот, еден ден да му косат, друг да копаат во лозјето, да му вршат или збираат жито, а само она што ќе им остане да им биде нивно.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Влегол в лозје, и го сетиле врапчињата, та си летнале од седело на дрво да го гледаат што ќе праит, и да го слушаат што ќе велит.
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
НЕ КОМУ МУ ЈЕ ПЕЧЕНО, АМИ ЗА КОГО ЈЕ РЕЧЕНО Си бил во некој град еден сиромав терзија, од него побрз нигде немало, ноќе - дење шиел и шиел; цел ден глаа не креал од работата, ни гледал кој врви пред негојио дуќан и кој оди од пустото шиење негоо, ту како од како да сработи поеќе работа и да спечали троа пари да си купи една куќарка и некое нивче, барем во лето да си сади ја тутунче, ја разјање, како што си саделе комшиите, за и тој да биде малко пораат, дури да му втасаат децата и да 'и глави, да белким ќе го изваат на сељамет.
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
Отишол мрзливиот човек в лозје да го одгрибат.
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
По некоја недела му текнало на чоекот па да оди в лозје, барем да го кроит, да ако не је грибано.
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
Влегол в лозје и прао отишол под едно дрво што имал во лозјето, та си седнал малку да здивнит, чунки оддалеку идел пеш.
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
И тогај му раскажала за трите наречници како што му рекле една ноќ и, ете, вистина се погодило, чунки чоекот што го отепал в лозје бил татко му негов.
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
Во тоа време му текнало на мрзла да појди в лозје за да го види што грозје има.
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
Луѓето наследиле од дедовците навики и знаење; напролет го садат компирот на онаа педа земја што ја имаат, се веднат со копачките во лозјата зад ридот, го следат со очи снежното окопнување во дабовиот честак; налето се виткаат над компирот да го прикријат со тврдите грутки, ги колнат ненаситните кртови, чекаат дожд; наесен го слават гроздоберот и вардат - што помалку леб ќе се изеде, сѐ повеќе зрна ќе се засеат ораниците.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Страв на пат, на нива, во лозје, во бавча, на пазар, во дуќан, на пошта, пред шалтер.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Со длабок воздив му ги вратив исечоците, а тој грижливо ги смести во долапчето и откако го затвори вратичето, прошепоти: - И ете така, дали си дома, на нива, во лозје, бавча, на пазар, дали се враќаш дома, постојано си мислиш како да се ослободиш од стравот.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Најнапред го здогледа својот сосед Н.С. долу во лозјето токму кај онаа лозница за која одамна му има речено дека за година- две ќе почне да раѓа грозје без семки.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)