Деперсонализацијата на композиторовата улога и самоорганизацијата на структурата имаа за цел ослободување на звуците од било чии емоции, идеи, намери, проекции, а не автоматизација на композиторовата постапка, како што често погрешно се толкуваше.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Таму кадешто проблемите беа вон доменот на музиката - како, на пример, при избор на инструментите и ансамблот, каде важен момент претставува изборот на изведувачите, нивната припадност на некое од музичките здруженија и сл. - „Ји Џинг не влегува во тие проблеми“.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Консултирањето со Ји Џинг за Кејџ не беше тежнение за априорно прифаќање на принципот изнесен во таа книга, туку резултат на вклопувањето на сопствените начела во механизмот на функционирање на Кинеската книга на промени.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
И самиот присилно влезен во механизмот на жртвувањето, најден под пресијата на најсилното преобраќање во сталинистичката идеологија, имав сили и мноштво аргументи да размислувам за огромната моќ на приспособувањето на институцијата на жртвувањето во повеќе облици и спреги.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
И ми стануваше јасно како ден дека и јас бев заплеткан во механизмот на Централата ...
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
[...] Бевме во можност да дадеме каузални објаснувања кои генерално се во согласност со наодите на Пијаже но кои даваат подобар увид во механизмите што стојат зад процесот.
„МАРГИНА бр. 3“
(1994)
Случајот со госпоѓа Мариела ја разниша професионалната поставеност на Ема Ендековска. Таа се чувствуваше изместена од сигурното лежиште во механизмот што функционираше околу Прифатниот центар за странци.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Останав да стојам без движење и без сили да се соочам со тајната што можела да му биде позната на некој веќе покоен чиј живот можел да има значење токму заради она што било и што е во него; куп безвредни книжни пари со восочен лик на некој монарх, записи и стари писма, чеиз и неразделиплен невестински фустан, секира на злосторство, фајанс, сребро, часовник со мртво време во механизмот, некаков пергамент, ферман акт на судбина, библија под черупка за клетва на непознати заговорници, ограбени тасови и кандила од наш западен манстир, суво ерусалимско свето дрвце, зографски платна, книги, алати, ископано, камено торзо од Стоби, шандани, присокриено брашно во некоја гладна година, мошти на лажен светец, трговски тефтери, бројници, ретки ткаенини, поскурници и дрвени распетија, беговски појас под јатаган, билје, мелеми, збирка на инсекти, коски, гниеж и претчувства, една невидена и невидлива магија, но таа, во допир со живиот свет, ќе го изгуби значењето и ќе не осиромаши за една загатливост.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Тој го реформулираше традиционалниот дуализам внатре во механизмот.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Декарт е важна етапа во развојот на тие согледби.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Игор Лозински продолжи: - И токму во таа еуфорија на жртвување, против ,,саботерите” во механизмот на душата на поразениот јаничар, само со нова победа, можеше да се надомести поразот.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)