Од овде зедов некои сувенири и така, во мешаницата со купувачите и продавачите, ми мина времето.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Во мешаницата за малку ќе загинев. Но знам, мила ќе ми беше смртта. ***
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Ако ѝ биле добри намерите зар ќе постапила така?
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Глигор остана во мешаницата. Арсо забележа дека на Глигор му се доближи еден затвореник облечен во нови шајачни беневреци и темномаслинест елек.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Влегуваат ко без душа во навалицата, во мешаницата.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Верувајте ми во мешаницата што ќе настане стопроцентно ќе го изгубиме просторот.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Глигор ги забрза чекорите. Другиот подзастана изненаден и загледан во јакиот врат на Глигора. Потоа се изгуби во мешаницата.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Иако сè било веќе јасно; иако било очигледно дека таа не смее да ѝ се препушта на случајностите, да го остава детето само да си го бара татка си, а неа да ја снема во мешаницата!
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
13. Пиратската продавница беше празна и спокојна пред погледот на отворената улица, додека законот ги движеше автомобилите и луѓето во мешаница.
„Ниска латентна револуција“
од Фросина Наумовска
(2010)