- Што да се прави? - Што да кажам јас? –Се вмеша Марија во жешката тема –Платата ми доцни само неколку дена, одвај чекам да ја земам а однапред ми е потрошена, во минус влегувам на тековните сметки по банките а за кредитите да не ви зборувам, ум немам како ќе ги вратам?
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
Никој ништо не забележа, занесени во хантот и листот на кој некој отишол во мајчина со илјадарче, а другиот во минус, кој три дена и три ноќи да играш не можеш да го стигнеш.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
И по кој знае кој пат ќе се почувствува "заглавено", во град на дивоградби и лоши луѓе, во јануари кој никако да мине, во минус на тековна, во плус на килажа, во свет кој станува сè понесигурен и понапнат, во сопствената кожа.
„Сонце во тегла“
од Илина Јакимовска
(2009)