„Како да не ти верувам?“, му велам, зарем не видов како профучи над нас онаа граната, којзнае од каде залутана, и се распрсна токму над огништето на Пинговица, над мудбакот нејзин, а мажот ѝ, Сотир арабаџијата, оној што ги носеше трговците по пазарите, дотрча по поплочаниот двор и не знаеше како да влезе во мудбакот.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Гледаш, таа граната нѐ прелета сите нас во дворот а неа, скриена, дури во мудбакот ја најде. Речи дека и смртта нѐ прави подобар!
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)