Ах, тој молив, човек во човека На Јован Павловски Кога ќе докрајчи моливот, кога ќе снема сили никакви траги да остави зад себеси, човек не треба ништо да му зборува, ништо да му доверува.
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)
Дури беше силен моливот - тој и душата своја ја пресоздаваше во значења и знаци и тој тоа го правеше со големи пориви, со голема жар: уште недозапишан претходниот - тој од твоите усни го читаше и поземаше веќе наредниот збор, го обликуваше покрај другите и им го оставаше во наследство на времињата и незнајното.
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)
Тие стануваа метафора на неговиот живот која ми остануваше во наследство.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Пролог Татко, во наследство, покрај книгите и дел од сиџилите, ни го оставии неговиот сон за дооткривање на нивните пораки, откако, конечно, успеа да им го открие нивниот толковен код.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Само Татко, во тие мигови, ги слушаше и ги разбираше илјадниците гласови на одамна исчезнатите,како ја кажуваат последната тајна: кој е семејниот корен, како дошло до промената на Бога, со кого се збратимиле, кому му се спротивставиле, што оставиле во наследство.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Еден од нив ѝ го остави сиот свој имот во наследство.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Наместо со нејзиниот глас и нејзината насмевка ти си во придружба со грдите животинки на осаменоста за кои велиш дека таа ти ги оставила во наследство.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
В ред, в ред, можеби и не се изразуваш токму со тие зборови, но така мислиш или барем помислуваш. Зар не?
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Во дневните белешки, јасно ја потенцира дилемата што произлегува од тоа, односно што големиот Јонеско ќе може да ѝ остави во наследство на ќерката?
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
- Да! - знаејќи го следното прашање, Јана му го даде одговорот: - Имотот ми е во наследство. Припаѓал на некој Германец.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Беше полна со застарени сфаќања кои ѝ беа предадени во наследство.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Раскажуваше приказни со сладок вкус кои ја топлеа душата кога од селска стана градска, а пееше како славеј една песна за гугутката што им ја остави во наследство, со аманет да ја пеат по слави и свадби.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Само да напоменам дека постојат средства за олеснување на безвременската комуникација (универзалната меморија), а тоа се сите минати трудови кои ни се оставени во наследство.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Камилски со истиот залет на мислата продолжи: Ние можеме и натаму да ја шириме нашата заедничка беседа за тие кутри зборови што останале курбан да бидат, времето да им пресуди, но нашата првична цел: дали тие зборови да им ги оставиме во наследство и на нашите деца, за кои, како што се вели, ние и живееме?
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Никакви инструкции, и од највисоките центри на власта, во доменот на надворешната политика, не можеа да ги заменат татковите инструкции и кога го немаше, а беше присутен преку неговите книги, преку нивниот распоред на читање кој ми го остави во наследство.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Си приспомнуваше со сочувство за срамот што го снајде татко му Мустафа-паша бег, еден од тројцата синови на славниот Исхак бег, кога ги изведе браќата пред шеријатот, барајќи право во наследството и вакафнамето.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Веројатно заради тоа, како во наследство, и сите мои браќа работат кај господинот.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
А пошто наидува на моја тотална рамнодушност, во себе луди и жали на кои битанги сето тоа им го остава во наследство!
„Бед инглиш“
од Дарко Митревски
(2008)
И така, според непишаниот аманет, тоа ѝ дојде во наследство и на Мајка.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Поголемите синови ѝ се сронуваа во новите судири со животот, со преостанатиот дел од тежините на егзилот кој им остануваше во наследство, без Татко, што најмногу го докршуваше секогаш силното Мајкино срце, најсилниот жртвен браник на нашите животи.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Во тие мигови, силно чувствував дека ми останува во наследство, преку овие Таткови книги, во кои целосно, до крајот од својот живот, беше задлабочена и Мајка, да трагам по незавршената фуга на стогодишниот егзил на семејството, ми преостануваше разгатката на тивката тишина на поразот, во која беа супериорни Мајка и Татко.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Како и судбината на Татковиот живот да беше постојана граница која му ја оставаше во наследство и на самото семејство, а Мајка бараше постојано излез од неа.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Татковата лабораторија на големите балкански идеи, неговата подвижна егзилска библиотека, ми беше оставена во наследство со сите тајни, со татковиот дух запрен на страниците на неговите книги, што требаше да се прелистаат и толкуваат според оставениот распоред.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Неа им ја оставам во наследство на сите тишки што живеат во неа. Полин”. ...
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Но кога н напушташе засекогаш, нашиот татко, како да ми ја оставаше во наследство својата француска врска која подоцна ќе му овозможи да ја открие и одржува цариградската за да му заврши животот во егзил.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Мојот татко не го доживеа враќањето, тој како да го остави во наследство на своите деца...
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Тој пробив на она што доаѓа од другата страна, претходење на она што доаѓа однекаде, тоа е чудесното заведување и чудесно оставање во наследство.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
Ми беше оставена во наследство една од можните варијанти на враќањето без просторна и временска локација!
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Во текот на целиот живот беше обземен од идејата да ја напише книгата, или да ни го остави во наследство ракописот за Историјата на Балканот низ падовите на империите.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Библиотеката ни беше оставена во наследство во туѓина, по сѐ што изгуби семејството во родната земја.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Татко, колку и да се бореше во животот тивко и ненаметливо да ги ублажува наследените и неизбежни разлики, наложени од исчезнатите империи на Балканот, останати како жилаво наследство, со уште пожилава инерција во времето, овде беше оставен засекогаш во просторот каде што разликите беа дефинитивни, засекогаш обележани.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)