Кога авангардните движења пропаднаа, општествено конструктивните погледи во уметноста паднаа во немилост, што го предизвика општествениот ескапизам на ортодоксниот модернизам и доведе до криза на темелните вредности во периодот на постмодернизмот.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Стилот го менува во пореалистичен и конструктивистички јасен. 1937 паѓа во немилост на националсоцијалистите, сликите делумно му ги запленуваат, делумно уништуваат, но нема забрана да слика.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Се чини дека токму тоа се случува во современа Турција каде што доминантната идеологија на кемализмот паѓа во немилост и каде што новите и конкурентни колективни истории бучно бараат да го исполнат нејзиното место.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Се состоеше од фалсификување на една серија од производствени извештаи од пред две години и тоа така за да се наруши угледот на еден истакнат член на Внатрешната партија кој во моментов беше во немилост.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Можеше да се претпостави дека Видерс и неговите соработници сега се во немилост, но за тоа немаше никаков извештај ни во печатот, ни на телекранот.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Винстон не знаеше зошто Видерс паднал во немилост.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Никогаш не прашав што можел да стори татко ти да падне во немилост.
„МАРГИНА бр. 3“
(1994)
На Кривашија не му беше лесно сето тоа да го премолчи и затоа почна да попаѓа во немилост што својата сурова разврска ќе ја добие за време на Информбирото.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Бев во милост. Бев во немилост. Се разведував. Пиев. Хи-фи и пол.
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
Ме трогнува ли магијата на преобразбата
или езата дека морам да паднам во немилост
за да бидам некому мила и драга?
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
На четвртата година од своето везирување се разниша големиот везир Јусуф и како жртва на една опасна интрига одненадеж падна во немилост.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Но, од оние зимски месеци, кога меѓу животот и смртта и меѓу славата и пропаста немаше растојание ниту колку што е сечилото од ножот, во победникот- везир остана нешто стивнато и замислено.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Иако во рамки на претпријатието МК „Стоби“, барем на хартија, имаше основано и регистрирано синдикат, неговото неактивно раководство замижуваше пред ваквите неправди и беше сосем безгласен во заштита на правата на тамошните работници.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Во меѓувреме, покрај тоа што на фирмата почна слабо да ѝ оди пласманот на својот асортиман и да назадува зад конкуренцијата на пазарот, настануваат и одредени внатрешни превирања и поделби на вработените на неколку табора.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Но, бидејќи претходно таа веќе беше паднала во немилост на нејзиниот директор – и покрај тоа што на дел од останатите работнички кои беа напуштени по истиот правен основ, им беа исплатени испратнините кои законски им следуваат – тоа, од неразбирливи причини, не беше сторено и во случајот на Триманова!?7 По ова, таа прави обид настанатиот спор спогодбено да се разреши – на трипати, во придружба и на нејзиниот сопруг, се обраќа до сопственикот којшто истовремено е и менаџер на акционерското друштво.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)