Овој рече, “Она што го ремети правилното движење на Небото доаѓа во несклад со природата на нештата, спречува да се изврши мистичното делување на Небото, ги напаѓа животинските стада, ги тера птиците да пеат ноќе, несреќно е за растот на растенијата и погубно за сите инсекти; за сето ова, како јас сфаќам, се виновни луѓето на власт”.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
Во есејот 'Subject-Object: body art' Циндѕ Немсер смета дека соочени со болката и ризикот на коишто е изложен уметникот можеме само да се повлечеме. (Со тоа сигурно ќе се согласат оние двајца што по појадок се беа онесвестиле за време на презентацијата на Орлан на конференцијата Virtual Futures во Ворвик, UK, 1995.) Немсер ја согледува уметниковата телесна нелагода како она што е во несклад со нивната цел да ги здружат субјективното и објективното јаство во еден интегриран ентитет.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)