Да, огледалото се нашите сегашни очи, позади кои се крие минатото, но во нишката на погледот на секого се насетува надеж за подобра иднина!
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
Но момчето не ги слушало веќе зашто во кафезот на неговите млади ребра срцето му трепетело како штотуку разбудена птица; не зашто умниот песнопоец Богдан Преслапец или најстариот со гајда Каменчо Скитник не можеле да објаснат дека битието се обврзува да му служи на духот што низ векови бил тајна и копнеел по тајни како кога се пеело ој ти тебе ѕвездо вечернице, уште мене јунак не познаваш и не зашто мирисот на смртта го урнал на коленици сневеселениот Богоја Гулабарин: зад нив, меѓу карпи и мртви или полумртви стебла, стоела како фатена во нишки на магија немата девојка Ганка.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
И враќањето почнувало како и поаѓањето: вкочанета старост со прекрстени раце и труп на оган.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)