Во овие мигови, кога во однесувањето на другарот Чапаев откриваше доверба, Татко помислуваше на дежурниот сон од својата мисија: ако биде избран за судија на овој Суд, ќе може да трага поуспешно по старите кадиски записи.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Тој седеше покрај ѕидот и молчеше, поттурнуван од нечистите тела, премногу обземен од страв и од болката во стомакот за да може да се заинтересира за своето опкружување, но сепак забележувајќи ја изненадувачката разлика во однесувањето меѓу партиските затвореници и другите.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Но и тој им се доверуваше на своите двајца пријатели дека на крајот на краиштата не би можел да гарантира каков ќе биде во играта и во однесувањето газдата на арабаџиите.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Тие сакаат курви, само во однесувањето. Курви со став.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Тие беа љубезни, го канеа Петрета де ваму, де таму, како да е богато облечен јунак, разговараа со него, се интересираа за панаѓурот со дикат, и сето тоа изгледаше како сон, таа почит и таа мекота во однесувањето и во движењата.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
црвената: пламливи, избувливи луѓе: што на ум, што в срце - тоа на уста, за една болвосерка - туриваат каца со мед; им пререче ли нешто, им се пикна во зборот, не ги поддржа, не им одобри - повеќе за тебе не држат, те замразуваат; додека имаат мака на алтан-терезија те држат, кога ќе им помине маката, за старо тенеќе те даваат; само тие како да постојат во селото; соседите ги тераат да ги врзуваат кокошките, а тие кучињата свои ги пуштаат кај што сакаат; кога ќе се впипрат во лицето - запелтечуваат; ако ти е фрлена шега, подбив, мунѕа - од нив е; се зафатија ли со нешто, наумија ли нешто - или ќе го сторат или раката ќе си ја отсечат; жолтата: колебливи во очи, во држење, во однесување; многу сакаат да слушаат, да чујат сè, а ни трошка нешто од себе да речат; во расправиите бегаат, не сакаат тука да се најдат; дома глас не им се слуша, како да не се живи; за мала работа трчаат кај соседите за совет; кога ќе им влезеш в куќи, не ги фаќа паника, ниту брзаат да те почестат; ако дедо им бил говедар, козар, питроп, полјак - таткото и синот и внукот се тоа; по гробиштата кога сите лелекаат и плачат, тие ги гаснат свеќите да не се трошат до крај; секогаш одат со навалени глави загледани во земјата како да бараат нешто што изгубиле или пак што загубил друг; кафеавата: рано легнуваат, рано стануваат; тешки во одењето, тешки во зборот; само за себе живеат; што било, како било - во нив останува; дома со седење те пречекуваат: ќе те измерат: кој си, што си, па ќе станат; за многу работи се прават дека не чуле; она што е нивно не го даваат на друг да се послужи; устата им испушта мед, а срцето пелин; кога ќе им дојде невеста во куќата, или ќе ја претопат - табиетот да им го земе, или клоцата ќе ѝ ја удрат; имотни се, но со прсти стегнати, кајафлии не се расфрлуваат и не арчат многу: дури и кога дечињата наутро ги празнат мешињата, ги празнат во дворот - да имаат што и кокошките да колвнат; избегнуваат кај што не им е по ќеф или кај што шерепере се зборува; жените со плетиво одат в поле, в планина, в црква, на молзење, в град по купување; кога даваат совет, не ти кажуваат сѐ докрај - нешто и за себе задржуваат; ако те засакаат - виделе нешто во тебе што им се допаѓа; кога ќе им се случи нешто лошо во куќата, одмерено плачат; кога се болни, не ѝ веруваат на болеста; со неа шетаат, со неа работат, со неа по веселби одат; ја носат, а гледаат кому да му ја прилепат; розовата (шеќерлијата): чаламџии, фодули, самобендисани, а купи ден - помини; на оро први; те сакаат додека имаат мака; јајце да варат, надвор го варат - да ги гледаат сите; од надвор куќата чиста, паќна, што се вели: азна, а внатре празна; што да се случи во селото - први разбираат; во разговор ќе те префрлуваат од рид на рид, ќе ти тргаат фурки - в очи ќе те лажат; не држат многу до зборот: речи - одречи; ти даде ли нешто, сите знаат; новата кошула ја облекуваат врз старата: кој да види да завиди; први се за гости, за јадење, за пиење, а кога ќе им дојдеш дома - им поминал светецот!
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Конкретизирање на моите илузии во страница вистина, која треба да ја раководи државата во пресудни моменти во однесувањето кон другата држава Шифрантот Петар Иваз ја чекаше пораката, откако ми го предаде катадневниот циркулар на телеграми кои стигнуваа од Централата на прочит.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Дури и во однесувањето со омразата не почувствував потреба за некои промени.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Сè беше на своето место и секогаш брзаше со своите услуги според потребите.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Како да се доближиме до вистината, како да видиме што е грдо, што е убаво во однесувањего на децата кон родителите и обратно?
„Добри мои, добар ден“
од Глигор Поповски
(1983)
Зајчар: ниско, издолжено тело, со дупли веѓи над очите, издолжена остра муцка, тенко опавче, куси провиснати уши, кротко и мирно и во одење и во однесување.
„Прва љубов“
од Јован Стрезовски
(1992)
А и она, што уследи во однесувањето на Виктор изобилствуваше со знаци што не можев да ги протолкувам бидејќи не бев сигурен колку бев јас виновен за натамошните постапки на мојот постар брат.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
На пример: неусогласеностите во однесување на движењата.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)