Витка, облечена во панталони без боја и исто таков џемпер, на ниски кожни мокасини.
„Животот од една слива“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2014)
Одеднаш, како да се случи нешто. Раката на војникот се смири во панталоните, а на лицето му се појави израз на замисленост.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
Рака на срце во војната имавме другарки во панталони, но тогаш такво беше времето. - Ги прераскажуваше зборовите на командирот.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
’Ршум ми прави. Ми ја разорува околијата. Гледам ја скратило косата и влегло во панталони.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
По неговото заминување, нејзе повторно ѝ се поврати главоболката, нервозата, несоницата и одново полнејќи се со јад и гнев, фрлаше искри од очите, крикаше како птица грабливка, се загалцнуваше на пола збор од лутина и сѐ повеќе го повраќаше поранешниот изглед и држење облекувајќи се во панталоните и чизмите, во елечето од кучешка кожа и плускајќи со камшикот и сѐ повеќе стануваше несреќна и зла.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Иако повеќе сакаше да биде облечена во панталони кога е дома, пак се облече во здолница и блуза и веднаш отиде долу во кујната.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Му читаш во растреперените раце дека не е подготвен да си го покаже навежбаниот задник, на кој е посебно горд, но само во панталони затегнати со дупла игла на ременот и, како син на мама, која исто ги воспитувала и него и дада му, демек „прво само до пола“, строго се држи до лекцијата, а мота низ главата зборови со кои истовремено ќе остане „мачо мен“ (а ќе одигра како путе на пубертетлика, која час не сака, час умира од желба да направи нешто недозволено), за да има што да раскаже по пет испиени пива, и тоа фури по петтото, како неверојатно си прошол и како усреќил некоја, која, секако, во приказната ќе биде барем десет години помлада и барем десет сантиметри повисока и десет килограми полесна, со „страва“ тело и гради и, што им е исто така важно, „многу паметна девојка" и, во приказната за безобразно добриот секс ќе изостави дека таа, всушност, си заминала!
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Изгледа сосема откачено, но можеби во оваа нервоза со шалтерските стаорци сум го ставил во панталоните?
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Се здрвив пред неа, и некако успеав стаписан да ја прашам: - Извини, а кој ден сме денеска? - Па, се знае. Понеделник. - Понеделник? А кој датум? – пропелтечив.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Алал да ти е името што го носиш, измеќарка на чорбаџи Теодос!
„Чорбаџи Теодос“
од Васил Иљоски
(1937)
ТЕОДОС: (Во панталони, со палто в раце, уште однадвор.) Анастасијо, Анастасијо, браво, Анастасијо, ашколсун!
„Чорбаџи Теодос“
од Васил Иљоски
(1937)
Од под неговите црни усни ѕирнаа долги заби.
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
Голи до појас, во панталони од жолта ткаенина, горе широки, долу тесни, тие носија во појасите топузи.
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
Тој се пикаше во панталоните од татко му.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
„Татко ми, кога ја водеше во Солун баба ми на доктор, секогаш лирите ги криеше под поставата или долу, во панталоните, на најнезгодното место, да простиш.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)