Помина белиот автомобил, подзастана среде селото отаде мостот и уште пред да го покрие правта што јуреше зад него ширејќи се преку целото село, луѓето го здогледаа шоферот, кус и широк во плеќите, со црна маслосана капетанска капа наврена на главата до над веѓи и до уши, и до него височок, кршен маж со паларија на главата како оние што ги носат говедарите во каубојските филмови, во жолта разградена кошула, запрегнати ракави и на вратот наместо вратоврска, врзана црна подебелка врвца за чевли, фатена со тока како од олово, направена во облик на орел со раширени крилја.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)