Ретко работеше, дури и во најдобрите времиња, а сега струјата се укинуваше преку ден. Тоа беше дел од штедењето во подготовките за Неделата на омразата.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
А тука, уште во подготовката, секоја етапа е преполна со впиени слики: месарот што во бела престилка го мерка рибичот кај кичмата, па вели – „земете го подобро, газда Павле, бутот, преседен е само ноќ“; потоа, месењето леб „на помеко“, со топчиња тесто што дебелички и масни се распоредуваат по обелената површина на масата, за повторно да се спојат во сладострасна, леплива прегратка; додека тестото стасува, месото, во коцки, се брашни со црн пипер, црвен пипер, сол; Потоа боцкањето – топејќи ги прстите, дедо во тестото, сјајно од свинска маст, издлабува кратерчиња за да го смести месото; потоа, на тепсија, во рерната, пастрамајлијата се крчка, бабри, воздивнува.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Во деценијата откако таа за првпат се појави, приказната на Searle беше дискутирана премногу често за да може тука да се даде комплетен преглед (но погледајте Hayes и Ford, во подготовка), сепак, ние едноставно ќе укажеме дека тоа е исто така базирано на наивни и погрешни интуиции за компјутерите и програмите.
„МАРГИНА бр. 3“
(1994)
Иако аргументот на Searle е круцијално развеан (Hayse и Ford, во подготовка), тој може да се прифати повеќе во modus tolens отколку во modus ponens форма и да биде сосем конзистентен со AI.
„МАРГИНА бр. 3“
(1994)
Коледе, Божиќ и Василица си ги правевме секоја година, ама таа година имаше нешто посебно во подготовките: родителите нешто ќе прават, нешто во врска со новата црква и со училиштето, па ќе се соберат сите, а нам децата веќе ни имаа порачано да собереме дрва повеќе од кога и да е порано.
„Крстот камбаната знамето“
од Мето Јовановски
(1990)
На другиот сосед му сотре три пилиња, во игра, во подготовки за лов на птици.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
На третиот му задави неколку зајачиња, во подготовки за лов на дивеч.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Во меѓувреме има напишано уште еден роман кој сè уште не е објавен, а третиот е во подготовка.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Воопшто не ни е важно дали актерот го знае методот на Меерхолд, познат како биомеханика, методот на Брехт што се огледа во подготовката на актерот за епскиот театар, визијата на Гротовски за театарот како уметност на актерот, антропологиските истражувања на Барба, обидите на Брук да го направи невидливото видливо и тоа преку актерот...
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Прекрасно е да се биди во тој свет, таму, позади, кај манекените и моделите, во подготовките и претворањето на идеите во опиплива реалност.
„Белиот јоргован“
од Хајди Елзесер
(2012)