Но тој не знаеше дека додека младите газеа лепешки, бабите, во пондилите, топлеа полни котли вода, во која имаа ставено и боливач и босилек, за приквечер, кога снаите и чупите ќе ги изналепеа лепешките, да се измијат.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Коњот го врзале в пондила, а него и детулето ги однеле во гостинската одаја.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
А таму, на ан кај Стомнаровци, откако ги отспретнаа колите и откако ги врзаа коњите во пондилата, во меаната на штрек чекаа да дојде Аџи Пано, стрико Максимов: по него, за да го извика, Максим го испрати калфата Стомнарски.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Откако по враќањето од кај Јанчевци главите на сојовите ги испратија мажите, вооружени со секири, да вардат на чифлизите, во трлата кај овците, во пондилите кај добитокот, во кошарите и амбарите, а сами со пиштоли в пазува отиде да ги пазат копите на гумната, ниту една поотпркната христијанска душа во Потковицата не спие.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
- Гоце! - викна Никола, - врзи го коњот од стрика ти Груја во пондилата15) и оди кажи и на мајка ти - на вечера ќе ни биде гостин стрико ти Грујо.
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
Коњот и магарето ги подмири во пондилата.
„Молика пелистерска“
од Бистрица Миркуловска
(2014)
И магарето и козата се вратиле во пондилата. И кокошките во дворот се присобрале - претаат.
„Молика пелистерска“
од Бистрица Миркуловска
(2014)
Луѓето си мрдаат со главите, се вртат: „На Чако, на!“ Го вабат, наѕираат во тремот, во пондилата, под тезгерето.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Сакаа да влезат во пондилата, кај коњите.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Нешто ми се прислушува: во јалицана како да ми врват луѓе, а долу во пондилата првкаат магарето и кравата.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)