во (предл.) - прав (имн.)

По бурните настани во земјата, по судирот со Сталин и последиците што следуваа, големата изолација на земјата, првин засилениот глад, а потоа незаборавните пакети од Америка, од кои никогаш не го заборавивме месото со шеќер, јајцата и млекото во прав; граничните инциденти и првите жртви со соседните социјалистички земји.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Каков човек си ти? Какви живци имаш? Плу!“, стори, плукна во правта од бес.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Преку реката пак, Сандре Марче местеше телевизиска антена на ниското куќарче; Коте Буџе, во тремот на плевната, ја гледаше новата крава, швајцарски сој, што ја беше купил, плукајќи во правта долу, да не ја зарече; Пере Катин спремаше дупка за вар за домалтарисување на новата куќа, која досега беше малтерисана само одвнатре и последен пат си изми раце со потурување од стомне; двајцата сопственици на продавниците, како договорени, ги чистеа и ги прередуваа излозите, а по уличките на селото и на малите празни места, на плоштатките, децата си играа слободно по завршувањето на школската година.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Неколу километри долгиот брег, сиот беше исполнет со хотели, вили, кафеани, со огромна песоклива плажа, низ која се преливаше жолто-златната боја на ситниот песок, кој огромните морски бранови го здробиле во прав.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Иако не умее да ги прочита, Константин знае што тие означуваат: тоа се еврејски записи на имињата и презимињата, епитетите, датумите на раѓањата и на смртта и епитафските пораки на надгробните споменици од луѓе закопани, некои и претворени во прав и пепел, на штипските еврејски гробишта, од тој бизарен мермерен мајдан на завршени човечки судбини, од тој неколку стотици години стар скаменет дел од штипското градско сеќавање од каде се земени старите надгробни плочи на вознемирените покојници и се вградени во основата на базенот од Кежовица, бањата со лековити термални води.  Тие води не му помагаат на Константин.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Луѓето се збија исплашени сосем до ѕидот и Стојан Пискулиев остана сам на средина, повргнат в прав и скоро прегазен од страшната сила што ги истури својот гнев над него.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Ама сѐ да изедеш, ништо да не вратиш дома.“
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Пак ја отвора рерната.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
„Готово, печено“, вели, го клава плехот врз шпоретот и го покрива со крпа малку да истине, потоа - знам - ќе го потури со шеќер во прав и ќе го сече на квадратчиња.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
— Теслим, бре ќерата! — извика чаушот од зад плоча и рипна напред да го налегнува Димитрија.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Фрлија и тие бомба зад плочата и Димитрија се запрпелка во правот, но остана сиот облеан во крв по лицето.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
По патот газеше некој во правта со боси нозе.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Слезе на буништето на животот и во правта на разурнатите денови трага по солилото и поилото на осаменоста
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Со денови, со ноќи, откако извишија ѕидовите, Откако во правта околу нив, под нив Се препознаваше белиот малтер Измешан од сонце, од воздух, од дожд, Мајсторот дигаше, ги потпираше, ги врзуваше Греда по греда, штица по штица, Коваше брут до брут, клин до клин, Сѐ дури не се покажа костурот на покривот Сѐ дури не дојдоа сите да ја даруваат куќата, Сѐ дури не извиши таа повисоко од сите други куќи Од каде можеше убаво да се види месечината Како влегува низ отворениот прозорец И лази под постелата на заспаното детенце во старата куќарка.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Се заниша но не се здодржа на нозе; замавта со раце и седна пред мене во правта.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Па син му на Абдула, Елеас, кој - да не чуете лага - в натпревар кога ќе збесни ластовичка беше, без малку да остави трага, в правта под нозете лесни.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Од двете оружја се слушна пукање, и сетне два куршума со пискот зол излетаа, барајќи месо: едниот го сретна, и Кузман сети силен бол во рамото, кај одлево клучницата со зглобот лопатниот го крепи дел; а другиот во правта закачи, свирејќи злобно но без да сретне жива цел.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Се разбудив: дабјата и костурите со зинати челусти се распаднаа, се строшија до безначајност во прав.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Мавале доаѓајќи и се распаѓале во прав и пепел за иднината, могила или тулбе на она што било и што ќе е трева или куп непознати цвеќиња со горчлив мирис на смртта.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Го потпираше тврдиот лакот на мојата слабина.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
И сето тоа, жив оков во оков, се стеснувало и се ближело без доаѓам, немо; најпрвин ќе удреле едни и тој ќе станел несуштествување а тие слеаност во точка, и другите да доаѓаат и да стануваат дел на точката, сите - скорчавите костури, призраците со кациги и штитови и костурите со чекани.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Свирна музиката, се стрчаа сите по басамаците, нозе искршија да се фатат на оро и така, по влечки, кој како се нашол, тука во правта најбрзите ора ги изрипаа.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Таму, Турците `Рслан бег и другари му, донесле два орла, еден каратал и еден крсташ; ги убиле и такви, мртви, ги фрлиле во правта пред ковачницата.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Го фрли орелот во правта и очекувајќи некој од христијаните да му понуди сол, строг и љубопитен го пренесуваше погледот од еден на друг.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
И попот се тркалаше во дворот во правта.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Крсташот, и таков, убиен, раскрилен во правта и со закопана глава во неа, изгледаше непобеден.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
И му заповедаше, удирајќи го со кундакот, Ајде сега, Божано, покажи како јава комита српски поп.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
И јас сам, така, на одење ќе пишувам букви: дали во правта на патот, дали во пепелта од огнот, на камењата кај што ќе најдам. Така учиш, со овега, со онега.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Оф, мори мајчице, умрев, ќе рече и ќе го видиш се склечкал во правта. Мнозина ни умреа.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
А стршенот? Во прав прета, Ни е рицар ни е летач.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Приоѓајќи до масата, ние велиме: ова е масата, а не јас и затоа, еве ти! - и трес со дланката по масата, а масата напола, а ние по половинките, а половинките во прав, а ние по правот, а правот кај нас во уста, а ние велиме: ова е прав, а не јас - и трес по правот.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Со тоа како да си наоѓаше оправдување што го напушти проектот чија смисла на постоење се разгоруваше при секој толкуван збор со Камилски со потекло од времето на Османската Империја, и сега посебно од зборот касмет.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Татко во комплексното значење на касметот, како судбина, како фаталност, имајќи го на ум постојано својот ракопис за Историјата на Балканот низ падовите на империите, извлекуваше поука дека природна судбина на секоја цивилизација на Балканот била да се извиши, потоа да се распадне и на крајот да се разнесе во прав.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Потоа како покосени паѓаат на нечистото душеме, се дават во правта.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Не може да падне во правта гледајќи ме мене во неа.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Проклет да бидам, сѐ, сѐ се претвора во прав, во ништо.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
- Ми се допадна, малечок Леме, - рече самиот сакајќи да зборува, ми се допадна уште оној час кога падна на земја, - една горчлива насмевка му прелета преку лицето, кога беше во правта, мислам кога ја подигна главата од правта и кога му рече на татенцето, - з о ш т о нè тепате, ние бевме крај Големата вода, проклет да бидам, тоа беше храбро, малечок.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Сега ги претресуваа тие згоди со свои смешки и забелешки, додека гурелавите селски кученца се наттрчуваа пред нив и се грвалеа во правта.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Таму стои и дека даските се црни, на таванските греди се нишаат пердиња исткајани од пајаците и дека на полицата што била на мојата страна, целата во прав и саѓи, имало две празни конзерви едната со сало а до неа и една книжна ќеса со сол која поради исчаденоста повеќе наликувала на стуткана свинска кожа.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Нејсе уште понајнакрај и кого ќе пцујат и против кого ќе се бунтуваат Сите оние кои сркнале од американската мирудија во секоја чорба И го виделе аирот од извозот на слобода и демократија Макар што нивните татковци сѐ уште ги паметат Трумановите јајца во прав А прав и пепел им се стори слободата сосе животниот стандард А децата им се познати по тоа што во својство на стечајни работници
„Сонот на коалата“ од Ристо Лазаров (2009)
КНИГАТА СВЕДОК полици со мали простори за прав од време недопишани наслови допишани желби претопени во печатарска боја на која ми се лепат прстиве и оставаат оттисоци од воздишки а јас немам право на збор јас немам право на одбрана јас немам право на своја страница во книгата јас немам право на своја страна на светот јас немам право на странствување додека се задушувам во прав од букви на овие полици на кои го користам правото да молчам
„Забранета книга“ од Веле Смилевски (2011)
Се меневме. Неделните излети ги заборавивме, а ти не гледаше дека градот ме оковува во прав и чемер. И здодевност.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Одам по долината завлечен по облакот од дамнешниот чад над сниските покриви зад меѓите, зад грмојте, зад високите крошни на дабовите зад крушите што се сушат зад сливите што капат зад јаболката во кои пее есента та мириса сета долина на топли пазуви и тихи мусандри во оние стари градски куќи што се вишат во куќите изгубени во правта на калдрмата во куќите чии чардаци чии пармаци уште се свртени кон долинава во која бавно се враќам како во стара книга што постојано се превртува во дланките на осамата.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
- Најплеменит погреб во правта на полиците!
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Од него научив што да му пресудам: нека изврши самоубиство под стоички околности, веднаш! римските излетнички места се создадени за рамнодушно сечење вени за отров, топла бања и палење за забавен вовед во правот.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Многу одамна неколку камчиња симулираа живот кога се стркалаа и струполија во правта.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Градот чекаше дваесет илјади години. Планетата се движеше низ вселената, цвеќето по полињата растеше и венееше, а градот сѐ уште чекаше; реките на планетата навираа, пресушуваа и се претвораа во прав. Градот и натаму чекаше.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Змејовиот бес е толкав што и ѕидиштата на кулите ги урива во прав.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Гледам како иконата со Божицата, светата мајка, се топи во пламените јазици, заедно со нимфите и шеговитите сатири, како нејзиното прекрасно тело исчезнува во правот на Атлантида, Вавилон, Александрија или на некој друг безимен Град.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Облак зелен во залез виолетов плови како во пристан млак Стојам под него Маглички утеха сина и бели нежни јадра – бледи јата – копнеж на живи вази Јадреат јадреам јас Во цветот на корењето земјата не се открива сино Гордо виолетово радосно плови над прозорците да ги легне очите на улицата на себе Шуми ми шуми приспивно за раното небо на тротоарот што во правот долго ги помни сините стапалки на ѕвончињата
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
Твоето тело ѝ припаѓа на татковината но доколку се претвориш во прав твој споменик ќе ти бидам јас...
„Ненасловена“ од Анте Поповски (1988)
Преполовен од друг меч сега е само прав во правот на рацете што го држеле.
„Ненасловена“ од Анте Поповски (1988)
И на вртењето ги испуштив лебовите, ми се истркалаа во правта.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ја втасуваат Гајта Геневска и ја одвлечкуваат во правта.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Таа се прпелка во правта, клоца со нозете и колне.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Срцето ми удира во правта, како гушата од гуштерот.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)