Во овие бањи, на едно огромно пространство, во продолжение на постојниот комплекс, е изграден нов, дело на југословенскиот комплекс, при што „бетноците“ од Скопје имаат огромно учество.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Од книгата на Хилдегард Бренер, “Културната политика на национал- социјализмот”, го пренесуваме авторското резиме во форма на енциклопедиска одредница под наслов “Политика и уметност”, а во продолжение предаваме и неколку парадигматични документи од времето на национал-социјализмот, во зборови и слики.
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
Во продолжение на тематов пренесуваме еден фрагмент од критички текст за Бартелми, кој всушност допира некои важни аспекти за современите литературни прашања воопшто. 104 okno.mk
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
Во продолжение ви пренесуваме неколку опсервации на Делез од едно негово поново интервју. 70 Margina #22 [1995] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Кога влезе, тој се најде пред големата табла со клучеви за да го земе клучот од својата работна просторија која, во продолжение, имаше и мала библиотека, поврзана со депоата, каде што се чуваа сиџилите.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Темплум-списанието Лифт почна да го објавува во продолженија големиот стрип-проект “Лабрис, тунел на стравот и ужасот” на авторите Станковски и Вулкански, но од 1000 страници, колку што е долг “Лабрис”, засега успеавме да објавиме само околу 120.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Во еден момент тој го крева погледот и се загледува во авлијата во продолжение на портата.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
М. К. Цепенков во продолженија (во весник) ја објавуваше својата драма “Црне Војвода”, додека пред тоа како одделно издание беше печатена драмата “Прилепски светци” од А.Страшимиров.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Беше најстрашно што во продолжение на целата година пред оној ден, јас, некаде потајно од себе, се ребрев постојано од нешто такво, дека не сакав да се обѕрнам наоколу, само за да не откријам нешто такво, да не ме убие нешто такво, зашто нема ништо покревко од она, кога човек ќе потера кон една страна со сите свои дамари, полетал натаму, нема ништо покревко од него тогаш, кога ќе погледне во своите нозе и кога ќе види дека коренот му е - разјаден.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Човекот стар шеесет и пет години, кој живее на ранчот со овци, навтасан од серија несреќи, не може успешно и во продолжение да се преправа.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
На третиот ден од седумте дадени од сопственикот на земјата, стариот Елисон се одвезе со запрежната кола до Фрио Сити за да набави некои од најпотребните продукти за ранчот.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Тонеш, па леташ. Пак се нурнуваш. Се задлабочуваш и успоруваш, а во продолжение се будиш од врисокот на масата.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Климент Камилски до доцна во ноќта пребаруваше во своите речници и енциклопедии, книги и поранешни записи, за да ги одреди петте навистина опасни зборови, во продолжение на петте третирани, во утрешната средба со Татко која беше закажана кај него.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Првин бараше зборови кои можеа да се најдат во толковна низа според сличност и дополнување на претходните, но, сепак, најпосле запре на зборовите: инает, севап, атер, рушвет и калауз.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Но, во тоа списание имаше и други интересни статии за една млада девојка: се објавуваше во продолженија љубовниот роман на тогаш познатата српска авторка Милица Јаковљевиќ т.н. Мир - Јам - „Ранетиот Орел“ со слики и текст под нив.
„Белиот јоргован“
од Хајди Елзесер
(2012)
Продолжуваше мојата мисија во следењето на палестинската судбина, некогаш како дипломат, како амбасадор на државата која веќе не постои во државата која толку силно сакаше да постои.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Моите амбасади без конкретна историска локација во времето продолжуваа на еден друг начин да постојат во мојот живот, како негов дел, во продолжение на моите денови од животот, во времето кога беше исчезнато нивното некогашно официјално значење, запрено само во заборавените архивски документи...
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Додека пловеа по преполните тротоари, никогаш сосем еден покрај друг и никогаш не гледајќи еден во друг, тие водеа необична конверзација во продолженија, која блеснуваше и се гаснеше како светилката на светилник, ненадејно прекината од приближувањето на некоја партиска униформа или од близината на телекранот, продолжена неколку минути подоцна од средината на реченицата, потоа нагло пресечена при разделбата на договореното место, и продолжена речиси без секаков вовед наредниот ден.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Илона беше сместена во единствената еднокреветна соба на првиот кат, на кој беа распоредени три канцеларии (едната за директорот на Центарот Стево Трајчов и двете за шесмината воспитувачи што работеа на три смени), а во продолжение, на крајниот дел од зградата, беа кујната и трпезаријата.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Стоевме покрај твојот сандак ние тројцата, па, по нас во продолжение стоеја другите блиски членови од нашето семејство.
„Седум години“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2012)
Можам да си замислам како си ги вадам сеќавањата од зад уво и одеднаш пред моите очи излегува бифокален објектив (што зголемува и што намалува) и во долниот дел ја гледам моменталната виртуална стварност, а во горниот моите електронски спомени од минатото (се работи за виртуален теле-микроскоп и во продолжение ќе зборуваме за виртуалните објекти).
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Така размислуваше во тие мигови Цветан Горски, слушајќи го во продолжение секретарот: - Другари, бранот на социјал-комунистичките трансформации стигна и на бреговите на нашево Езеро, со неговата река, што нѐ поврзува со морето, со светот.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Карактеристично за нив е тоа што предимно нуделе раскази, а помалку романи во продолженија.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
Знаеш ли што значи паѓањето на тој рид? Значи брз продор на противникот кон Алевица, во продолжение продор долж границата и затворање на северниот излез.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Сите очекуваа што ќе речам во продолжение: - Комунизмот имаше крајна цел да го заземе кај народот трајното место на религијата.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
На нив ќе се навратиме во продолжение.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
За да има одбраната каква и да е смисла, имено, мора да се запознаеме со обвинението. Значи критика.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Ќе започнеме со два подолги цитата, што според мислењето на авторот на овој спис, соодветно изразуваат и осветлуваат некои карактеристични моменти од живата, жешка и често конфликтна дебата за значењето и ефектите на популарната култура. а) “Замислете си тринаесетгодишно дете како седи во дневната соба на семејниот дом и додека пишува домашна работа по математика слуша со слушалки на ушите вокмен или гледа MTV.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Во подножјето почнуваше рамницата што во продолжение на езерото навлегуваше нагоре чиниш длабоко под планината и натаму до оној издолжен рид што ја прекинува и зад кој се наоѓа неговата Брезница.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
Долж целата десна страна беа распоредени три простории: едната беше убаво наместена канцеларија на сопственикот на механичарската работилница „Лихнида“ на Едо Бранов од Охрид, а во другите две соби, во продолжение на канцеларискиот простор, живееја двајцата од вкучно четворицата вработени работници.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Има густи веѓи, скоро споени, нададени во продолжение на челото и над очите.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Во продолжение, тој, заради спазување на формалност, го бележи овде обраќањето на претседателот на Дисциплинската комисија кон Брзакот: „Дисциплинската комисија го прашува работникот Иле Маленко – Брзакот дали го разбра прочитаното барање?...“
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
По овој прв краток распит, во продолжение на две седмици, Шатев речиси секој ден бил сослушуван.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
„Додека јас во продолжение на неколку недели го убедував Гарванов дека ниту Милан Арсов ниту Георги Богданов во времето на истрагата и пред Воениот суд не рекоа ништо што би го компромитирало, Иван Гарванов упорно продолжуваше со своето тврдење дека тој е жртва, дека настрадал поради предавство и сл.“ 195.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Меѓутоа, тој е прифатен од нашиот народ и сметаме дека не би требало да се менува. ________________ * Јован Павловски објави во “Нова Македонија“ опширен текст под наслов “Гемиџиите“, почнувајќи од 25 јануари 1980 година во продолженија.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)