Така во просветителството прв пат со помош на методична обдукција добиваме достапност до информацијата, а таа постапка се продолжува и степенува сѐ до денес, кога обдукциската информација станува и естетска, кога внатрешноста на желудникот може да функционира како естетска слика затоа што рефлектира некоја друга физикалност, некоја друга реалност, други линии и црти, а исто така пружа и специфична естетска угода што најлесно можеме да ја наречеме угода на интеракција, односно задоволство поради тоа што сме присутни на далечина.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Уште повеќе, отвореното изложување на телото во просветителството било сметано како една важна научна технологија и метафора што ја означувала просветителската жед кон невидливото, копнежот по увид во нешто што не може да се види (во истиот период тој копнеж доведе до пронаоѓање на микроскопот), односно желбата да се дојде до крајот, каде што никогаш не можеме да бидеме ниту да го досегнеме.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Денес најголемиот конгломерат на знаења и 16 okno.mk информации, Интернет, е премногу заплеткан и означен со бескрајна повеќеслојна дискурзивна структура за да може телесната структура да биде потпора на тој модел, како што беше за најголемиот компендиум на знаење во просветителството, Д’Алемберовата Енциклопедија (1751-1780).
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)