Ако, сепак, се прашувам јас, овој стариов со трпениево нема да го надживее младиот, кого секогаш можеш да го сретнеш повторно потаму во животот, како во песната „Остала си увек иста“, па остани во добри односи со него кога ќе се разидете и можеш да го имаш во резерва, тукуречи златна.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Тогаш овие стратегии се држат во резерва. Кои критериуми вие сакате да ги видите во DSM-III? Проблемот не е во тоа, туку во севкупната ситуација чијашто само неминовна последица е DSM-III.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Јас, идиотот, само пред малку имав година и половина во резерва.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Дури сега командата на ДАГ ја виде опасноста и нареди офицерската школа, составена од петстотини курсанти, која е во резерва и со седиште во селото Брезница, со трчање да оди на помош на 102 бригада во чиј состав беа постари мажи и голем број инвалиди.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Добриот домаќин треба да има од сѐ по нешто во резерва.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Борбата за југословенска Македонија беше промовирана во оваа војна од антифашистичките сили како спротивност на бугарска Македонија поддржувана од Оската или за целосно "независна" Македонија заговарана од Ванчо Михајлов, кој беше држан од Хитлер во резерва и со кого ѝ се закануваше на Бугарската влада со губење на Македонија во случај таа да не ги исполнува барањата на Оската. 3.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Медицинскиот модел е заборавен од страна на многу медицинари што го применуваат.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Народноослободителното движење на Југославија како најсилна балканска сила што ги обедини сите народи во борбата против силите на Оската се чини дека беше најголемата сила која даваше гаранција за реализирање на долго очекуваното обединување и автономија на македонскиот народ.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)