2. Два света
Стократна синонимијо
вражи долу
лавовска опашко
ангелско при-паѓање
на два света
лет во јазикот
Левијатан
прв меѓу првите
историјат на прекарот
над името име
едикојси
во речта, аман, побрзо ќе умреш
одошто во животот!
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Ми дојде на сон тешка како осамено заборавање,
ко свето море и коб ми капна во речта
нова како заљубување, убава како сеќавање
тагата ми дојде ко будење на прастара мечта.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
1. Грозна смеа
Опеј, ја Божице, дарбата за светогрдие
за иноказание, за смеа грозна низ плач и жолч
изречи ја славно на смртниците поругата,
подбивот и јамбот, отровниот рев
шегата пој ја на раѓањето и смртта
маската, порокот и гревот
опиши го, Вечна, на киклопот кикотот
кркорот на крвта
во обрач од стих завиено и сласно
растури го кругот, барутот, чаурата
со метар, а безмерно смерно
во речта магично обратена,17со очи на тилот
во стар образ, а со друга вера
- кој прв спомна на Бога Име
небаре ќе го снема ако не има
во времето знак
да биде освен вера, завера
освен пат и бездна
отсутен а присутен
по севезден ѕвезден?
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)