во (предл.) - сегашност (имн.)

Кога секој ден осамнуваме во сегашноста: ние сме огледалото, низ кое минатото има свој одблесок во кој се насетуваат убавините на иднината!
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Иронијата е во тоа што, во сегашноста може ништо да не забележиме, доколку сме замаени во реализација на своите себични интереси, или зафатени со секојдневните потреби на нашето физичко тело, не регистријајки ни најмал дел од случувањата.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Секогаш мислиме дека во сегашноста најдобро гледаме.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Татко ми и Чанга собираа докази и за вредноста, за полезноста на козите во историјата и во сегашноста, особено во сегашноста, свесни за големиот заговор што се подготвуваше против козите.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Додека Гласот на Агна има улога на контрапункт на Симоновите сведочења кој го денунцира главниот текст, третиот ракопис, пронајдениот животопис на Симоновиот предок Никола Поцо, поставен е како огледало, како зададен модел од минатото според кој ќе се одвиваат и настаните во сегашноста.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Заради потврда на сопственото дело во сегашноста, тој се потпира на минатото онакво какво што го согледува тој и во тоа настојување тврдоглаво ќе ги пренабрегне не само историските документи туку и фактот дека автентичноста на пронајдениот ракопис, колку и заводливо тој да нуди убедливост, не може да се провери бидејќи носи во себе субјективност на наменски пишуван животопис.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
И пак долго ќе се мудрува, баш тука, на плоштадот во Сиена, колку минатото постои во сегашноста и колку иднината ќе постои во минатото?
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
И пак нема точно да се знае, како што не се знаело и не се знае – има ли и колкава е разликата помеѓу шуплоглавците и полноглавците?
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Југоносталгичар е личност која не гледа ниту во сегашноста ниту во иднината туку е заробен у Титовото време, а душата постојано му плаче за пропаднатиот систем.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Трагајќи по сиџилите, Татко го губеше реалното чувство за тоа колку останува во минатото, а колку се враќа во сегашноста.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Во тие мачни повоени, униформирани, купонски времиња, кога луѓето живееја под диктатот на еднонасочните пароли, Татковата појава, со старата изветвена паларија, носена уште во Цариград, на која Мајка ѝ ја менуваше само свилената кордела, и со старата кожена чанта, јасно се изделуваше од пејзажот на времето вклопувајќи сѐ повеќе во минатото одошто во сегашноста.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
На ист начин ги следам и размислите што ќе уследат во моментите кога Даскалов ќе се оддалечи, бидејќи неговиот глас останува покрај мене и додека тој шета.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Неговите неочекувани и чудни воопштувања ги толкувам како еден вид прераспоредување на некогашните и сегашни размисли, или најобична замена на реалното со привидот кој по наша заповед повторно се сместува во сегашноста.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
И нашата уметност нема да функционира целосно во сегашноста.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Од ова произлегло откажување од пресудни аспекти на оваа историја и од пресудни аспекти на условите на настраното постоење во сегашноста.“ 112
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Нацијата претпоставува минато, но сепак со еден опиплив факт се сосредоточува во сегашноста: станува збор за прифаќањето, за јасно изразената желба да се продолжи заедничкиот живот.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Сакав да живеам во сегашноста, а сегашноста беше кубизмот.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Ние не можеме да им судиме за нивното значење во минатото, но ниту во сегашноста!
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Веруваше дека и распоредот на читањето на неговите книги може да се смета за лавиринт, кој ги обединува минатото и иднината, со излез во сегашноста.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
И пред да започнат со операцијата чистење на зборовите кои требаше конечно да завршат во минатото, како историзми, тие постојано се бореа со наносите што ги имаше секој збор отаде своето време поставувајќи си го постојано прашањето: каде останува тоа што веќе минало, дали минатото на некаков начин минува во сегашноста, дали е вечно присутно, дали идното е во сегашноста, дали тоа што било конечно значи никогаш повеќе, дали народите кои не го знаат своето минато се осудени одново да го живеат?
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
И ете сега со Татко требаше да се справат со вистинските и виртуелните кодоши, во историјата и во сегашноста, запрени во речниците и енциклопедиите, но излезени и од нив, од минатото, присутни во сегашноста, зачекорени дури во иднината.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Додека ги разгледуваше Татковите книги според наложениот распоред, Климент Камилски си замислуваше како тие си ги шепотат своите значења една на друга, воспоставувајќи мост помеѓу минатите и сегашните времиња, како облик на оживување во сегашноста.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Со исти песни ги оставаме љубовите во сегашноста на минатото Ако застанеме на ветрот ќе го измие делот од нас...
„Разминувања“ од Виолета Петровска Периќ (2013)
Одиш по својот послан килим од гордост, ме разминуваш во утрото, во денот, во мракот, во сегашноста и минатото.
„Разминувања“ од Виолета Петровска Периќ (2013)
Не очекуваше ништо, сета беше претворена само во сегашност.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Филмот продолжуваше, враќајќи се во сегашноста, кога Марсиа е веќе стара и го завршува раскажувањето на својата трагична љубовна приказна.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Развојот на ИСТОЧНИОТ МОДЕРНИЗАМ од минатото во сегашноста ќе се одвива преку ИДНИНАТА.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Да се живее од денес до утре, од недела до недела, вртејќи се во сегашноста која нема иднина, беше непобедлив инстинкт, исто како што белите дробови секогаш ќе го земат следниот здив, сѐ додека има воздух на располагање.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Никој тоа не го сторил подобро од него, ниту во минатото, ниту во сегашноста...
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
И низ сета таа виулица од луѓе, погледи, разговори, чувства, емоции, постои пукнатина каде се слива целиот тој хаос и останува душата ослободена од гревовите, а сетилата го чекаат новото раѓање за да го вдишат животот со целата своја енергија.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Ги вдишувам ноќната темнина и тишина ги реставрирам сите детали од минатото кои се уште ми делуваат непоимливо, руинирано и се обидувам да ги санирам да ги вклопам во сегашноста, но може да настане контроверзен судир и да дојде до пресврт од судбински, кармички размери.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Ова е мојата судбина, секогаш сум против себе, секогаш патувам спротивно од ветерот и секогаш го избирам потешкиот пат за одење.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Лежам и тишината надвиснала како иронијата, недостижен ми е пулсот на волјата и страста на желбата, повторно и повторно се саможртвував и казнував со преживувањето на истите вакви часови од минатото кои совршено се пресликуваат во сегашноста.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Ја барав границата меѓу сонот и јавето, реалноста се губеше во моментите на очај и агонија.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Тоа што се случи, тие тешки зборови, тие болни долги денови е товар што мораме да го носиме и да го преживуваме во сегашноста, во моментите кога сакаме да пронајдеме среќа и да научиме да живееме најдобро што можеме.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Мене ме возбудуваа само: дамнините во сегашноста, фактот дека во полна свест гледаме.
„Ненасловена“ од Анте Поповски (1988)
Хашишот постои само во сегашноста; приказната само во минатото. Во просторот без време приказните стануваат неразбирливи; во просторот со време хашишот е само анегдота, друштвен или еротски чин. okno.mk | Margina #10 [1995] 101
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Татко често ни велеше дека книгите вистински ни припаѓаат колку што ќе соумееме од нив да извлечеме живот, да откриваме нови излези во сегашноста и за иднината.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Колку повеќе се страда во сегашноста, толку ќе се ужива во иднина.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Всушност, прокопав низ моите корени кои беа затрупани со многу магла и прав, па поради тоа долго време се чувствував како да лебдам во сегашноста.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)