И покрај постојаната политичка борба во Сенатот, секојдневните подлости на политичките соперници, тој во Политиката го наоѓаше сублимирано токму разнообразното задоволство на својата култура во која трговијата, измамата, вештиот збор беа и опстанокот и уметност.
„Пловидба кон југ“
од Александар Прокопиев
(1987)
Во право е синот кога му вели: Курвинската политика ти е влезена во секоја клетка! и мајката негова кога го колнеше, блуејќи крв, додека тој држеше говори во Сенатот.
„Пловидба кон југ“
од Александар Прокопиев
(1987)
Тој што ги пропишува божјите заповеди
ќе ги состави и човечките
забраните се услов без којшто не се може
во Сенатот, Олтарот и Креветот
во Науката и Уметноста
без оглед на егзактноста
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Мајчицата уште лежела на креветот наспроти вратата, а од нејзината десна страна стоел кумот, извонреден човек, Иван Иванович Ерошкин, кој бил шеф на одделение во сенатот, и кумата, сопруга на блоковскиот полициски надзорник, жена со ретки доблести, Арина Семјоновна Белобрјушкова.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)