Дојдов дома, земав едно од оние знаменца што во тоа време ги ставаа во сладолед, внимателно го потопив под славина за да го одвојам од чачкалицата на која гордо се вееше, па отидов до дневна да дрпнам од лепакот што мајка ми го криеше во својата древна машина "багат" (некој на работа ѝ шушнал дека денешниве млади дуваат лепак, па мајка ми одлучи дека е подобро превентивно да спречи отколку накнадно да лечи).
„Бед инглиш“
од Дарко Митревски
(2008)
Можев да испијам еден бокал вода, две кофи лимонада и едно буре малина и можев да се закопам во сладолед до гуша.
„Сенката на Карамба Барамба“
од Славко Јаневски
(1967)
Не можев веќе да чекорам.
„Сенката на Карамба Барамба“
од Славко Јаневски
(1967)
Едната половина остана прегрната, а втората (онаа со топката) појде малку да се освежи, со уште еден поглед во сладолед, пред да се стопи. 17.06.2003. 10:15
„Три напред три назад“
од Јовица Ивановски
(2004)