во (предл.) - такси (имн.)

Се спакував брзо и за половина час се наоѓав во таксито.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Седнав во таксито, па си мислев дека сите знаат што ми се случува.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Половина час во таксито, со Ева, Лех и возачот, бргу ме увери во точноста, но и во непотполноста на препораките на сопатничките од авионот – Полјаците се учтиви, но и весели и зборлести.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Што град бил тогаш. Прекрасен, современ, богат. Светски. А сега?
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Вика да не си болен нешто. Не, викам, брат, не јадам доволно.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Во таксито, пред заминување на аеродромот, Димитар ми додева искинато ливче хартија со испишано тростишје: „Страст во телото на планината Водно. Од зрак сонце.“
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
А место кока кола – јогурт! – му вели Димитар на другар си што за час „смачка“ една четвртинка со сирење.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Имено, кога ќе влезеше во таксито, Хорацио се претставуваше (играше) дека е друг, тој и тој, од таму и таму.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Се сместија во таксито што го повика Марија, и тргнаа кон дома.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Марија не беше сигурна дали е во ред што и тој седна во таксито.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
ЕНТ.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
НОЌ Грета и Дики во таксито.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Би можел да ги искинам тапацираните седишта во таксито.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
На ракавите моравме да носиме давидова ѕвезда, за да бидат регулирани забраните кои важеа за сите Евреи: повеќе не смеевме да одиме во театар, опера, на концерт; не смеевме да одиме во ресторани и паркови; не смеевме да се возиме во такси; дозволено ни беше да се возиме со трамвај, ама само во задната кола; смеевме да излегуваме од дома, ама само во точно определени часови; телефоните ни беа укинати, а смеевме да користиме само две пошти во градот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Беше септемвриски ден кога во нашиот дом дојде еден од синовите на братот на мојата пријателка Клара, и ми кажа дека таа умрела во психијатриската клиника Гнездо, во која живееше со години.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
„Исто како и пожарите. Брат ми имаше пожар во таксито.“ „Стварно! Види, мајката!“
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
„Што?” „Брат ми вози такси и некој предизвикал пожар на задното седиште.“ „Стварно! Види, мајката!“
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
„Некој одзади оставил запалена пура или цигара. Изгоре како ништо.“
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Оваа е фина жена. Седи со нас, душичке, ми вели и ми раскажува за Тексашките урагани.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
„Повреди ли некого?“ „Направени се од слама. Затоа седиштата толку лесно се запалиле.”
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Таа е личност со која убаво можеш да разговараш. „Осигуран ли е?“
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
„Имаше пожар во таксито на брат ми.“
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
И после тоа мораш да одиш пешки.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)