Никој кој им годи на луѓето и кој е добро друштво, не се отстранува туку-така, бидејќи луѓето сакаат да бидат со таквите. Дали сè уште верувате во типовите на засолништа какво што беше Кингсли Хол, кадешто пациентите главно беа слободни од контролата на особјето? Кингсли Хол почна со работа затоа што сопственикот го убедив да се обиде да ги третира менталните немири и конфузии како безопасни состојби.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Никој не знаеше какви се тие луѓе кога се вон душевните болници, бидејќи штом ќе паднете во една од тие состојби, веднаш се наоѓате себеси врзани во некаква задна просторија, или однесени во душевна болница.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Подоцна тоа неверување се претвори во тип на маничен заборав, па секогаш кога ќе се соочев со фактот дека тој не е меѓу нас бев изненаден, како таа информација да има само формална вредност, а никако суштинска... како таа општа констатација да е некаков трач кој набрзо ќе биде демантиран... лично од професорот Гуте кој ќе се појави однекаде и ќе ни раскаже како е таму, од онаа страна на цртата...
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)