Го следи движењето на големата колона која по беспримерниот и налудничав јуриш со кој е скршен обрачот на противникот, во трчање се растури кон селото Ревани.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Митре заостанува во трчање, во влечење, во маршот.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Трчав и очите ги држев отворени, посебно кога трчав по западниот дел (овде сакам да му се заблагодарам на мојот пријател Павле кој за цело време ме подржуваше во трчањето).
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
И навистина, немаше животна дисциплина во трчање, со колку сакаш пречки, во далечина, во широчина, во висина, која не беше предизвик за нив, но тие беа победници во сите категории и во сите конкуренции.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Волкот ја свитка опашката меѓу колковите и ја спрашти со едни ветерничави, троноги скокови надолу, сиот со некаква леснина на сенка, во онаа магличава сивина меѓу стеблата, одвлекувајќи си ја по себе и својата здробена нога, запната само за едно парче кожа и за некоја бела жила, што му се отфрлаше во трчањето, чиниш некој ненужен, прикачен дел.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Брзо, речиси во трчање, го напуштив местото на настанот. Со возбуда стигнав дома.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Така сакаше таа Марјанти. Во нејзиното уво секогаш мораше да удира само еден звук на чекорот во трчање, а тој звук мораше да звучи војнички. Крап – крап – крап! Крап-крап - крап!!!
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Цело време си замислувавме како во трчање ќе влетаме во прегратките на нашите мајки, како ќе не гушкаат и ќе не бакнуваат, како нивните солзи - радосници ќе се разлеат по нашите образи како ќе се втрчаме во дворовите и во куќите, како ќе се растрчаме по селските сокаќиња и селото, како секое катче ќе го исполниме со нашата смеа и џагор, како... ...
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Таму нѐ носеа не за да гледаме футбалски натпревари, туку во трчање и играње на зелениот килим од ниско искосена трева да го поминеме половината ден.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Едно од децата се оддели од мажот, и направи два чекора во правец кон жената, два чекора кои можеа потоа да се претворат во трчање, но одеднаш запре.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Потоа се сврте, им се придружи на другото дете и возрасниот човек, и тие излегоа низ портата.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
„А го гледаш ли малечкиов! Куршум не му е рамен. Прв во трчање.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
Не, тоа веќе не беше нашата клупа.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
Сега беше само нивна: на Љупчо и Џеронимо. Не е правдина!
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
Но тоа се случува подоцна. Кога овие, поранешниве несреќници ќе ја загубат силата во трчањето.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Беа и по малку пакосни на него, зашто тој беше најјак во борењето, најбрз во трчањето, па и најдругар на Трајанка.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)