- Лепешкари! свика тој, да го чујат дури надвор и чукна во тупаница.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Тој веќе ги збираше веѓите, а раката, опрена на маса, му се стисна во тупаница, и со тоа самото тој покажа каков власник претпоставува.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Кога момчето виде како лакот во тупаницата со која убиецот го крие лицето одеднаш се зголеми, испружувајќи се, стрелата веќе запре.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Деница од под фотографиите на девојките, а тие беа седум (ги изброја внимателно, редејќи ги една врз друга, додека Илона полека, како едвај чуен одглас на развлеченото Д-е-н-и-ц-а-п-и-ц-а, си ја прибра раката од нејзините стегнати бутови) извлече една фотографија на маж, за двете добро познат лик: тмурест, тркалобразен мустаклија, Грк со мароканско потекло по име Ниротакис, на што Илона ги собра прстите во тупаница и ја накрена подлактицата нагоре, извикувајќи: „Ооо…, охо, хо… нааа…“
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Алајко и Мире застанаа скаменети. Слушаа и во миг со гордост, ги стегнаа десните раце во тупаници, ги кренаа на челото како поздрав, небаре ја слушнаа државната химна или звуците на Интернационалата...
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Ја стегнав дланката во тупаница. Ја осетив онаа храброст што ја дава стравот и неизвесноста.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Тогаш таа ја затвори својата рака во тупаница и почна да кове по зглобовите со цел да ја разбуди неговата рака од индиферентноста.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Стефан беснееше, се престоруваше во гуштер одвратен, во молец што ги јаде јаслите сопствени; Пелазгиј веќе сосема побледе и само јас видов дека дланката од десната рака на Писмородецот му се стега под ризата во тупаница.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Си ја крена десната рака во тупаница. Извика „О, мамо!“
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
Ја собрав дланката во тупаница. Не пуштив солза.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Море, да не е шофер на другарите, на што ќе те барав, - рече налутено и со дланката се удри по внатрешниот дел на лактот така што раката одеднаш му се подигна и кога се најде до носот, Кузе ги стегна прстите во тупаница.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
И ете, јас, како што гледаш, со добро ти велам дека те бара, а зошто, изгледа само тој знае.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Една жена која лежеше на другиот крај од просторијата почна да вреска.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Лицето на Меланхолијата на Дирер е потонато во сенка и од тој мрак проблеснуваат белките на очите, со погледот загледан во некое отсуство.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
„Ова е казна,” рече, и ги згрчи прстите во тупаници, полека поткревајќи ги кон главата.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Без грч, само собрани во тупаници.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
И мојата глава се веднеше, мојата глава паѓаше на моите гради; едната рака, стегната во тупаница, како да се спремаше да се брани од болката, а сепак не издржуваше, паѓаше во мојот скут, другата рака ми се олабавуваше, затоа што знаев дека нема да се спасам од тонењето ако се фатам за сламка.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Јас клекнав крај неа, ѝ ги фатив рацете, а таа го потпре своето лице на мојот врат, ја слушав како плаче, како испрекинато дише, и знаев дека со солзите заради нејзината физичка немоќ се мешаа и солзите заради една друга болка.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
„Прости ми.” „Немам што да ти простам,” реков. „Немаш сторено никакво зло.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Нејзините раце беа собрани во тупаници.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Другата рака, положена во скутот, олабавена, едвај го држи шестарот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
И пак се поткрена, додека усните ѝ трепереа, лицето ѝ се грчеше, во очите ѝ навираа солзи; се поткреваше од креветот и се уриваше на него, а потоа веќе не успеваше да се поткрене, ги гризеше усните и плачеше, и удираше со рацете згрчени во тупаници по своите немоќни нозе.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
„Ја знам својата вина,“ рече, и гледаше во тупаниците.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Главата ѝ е наведната, и би паднала на градите, да не е потпрена на раката стегната во тупаница.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
„Јас сум казнет со оваа стравична празнина,” рече, и, наведнувајќи ја главата, удри со челото во тупаниците.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)