Така, феникиското, ханаанејското и арамејското писмо како три основни подвидови на семитскиот систем на писмо настанаа од старосемитскиот, или поточно речено, од протосемитскиот систем на писмо, кој сам по себе претставува консонантно- силабичко писмо.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Тоа е специфичен двоен систем, кој во целокупната типологија на системите на писмо се појавува во улога на алка, што ги сврзува доследно силабичкото (да речеме, линеарното Б) и алфабетско (на пример, класичното грчко) писмо.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Во периодот од јануари до јуни 2011 година, овие луѓе извршија триесет и едно координирано теренско интервју, односно обавија разговори со работници ширум Македонија (Скопје, Битола, Велес, Гостивар, Куманово, Крива Паланка и др.) – коишто 12 се јавуваат во улога на тужители, и коишто се одважиле своите работнички права да ги бараат пред суд.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
1. Интервјуто го водеше Игор Мишевски, на 31.III.2011, во Битола.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Во граѓанската парнична постапка што Јакшиќ ја поведе пред Основниот суд Скопје II, ги тужеше компанијата- подизведувач во која работеше и плус уште две други компании кои се јавуваа во улога на изведувач и инвеститор на објектот на кој се случи повредата при работа [н.з. станува збор за ГТД „Бетон – Штип“ АД како второтужен и ГУТ „Луна Корпорација“ ДОО – Скопје, како третотужен].
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Исто така, од страна на самиот работник, подоцна беше пријавено и во Државниот инспектор за труд при МТСП – ПЕ Скопје, Отсек за безбедност и здравје при работа – општина Гази Баба (а предметот беше распределен кај инспекторот Б.Величковиќ). 198
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Поради инсистирањето на анонимност, не го наведуваме ниту архивскиот број под кои е заведен предметот пред Основниот суд – Битола. 2. Здруженијата на граѓани, како правни лица, можат да се јават и во улога на работодавачи.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Еве една балканска верзија на „Козата на господинот Сеген”, со советскиот тоталитаризам во улогата на волкот...
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
А всушност, знам, тој уживаше во улогата на мачител и, во исто време, божем на спасител.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Тој, кој беше пред сите во херојската татковинска задача на протерување на српските дојденци, натрапници, тие опинчари и „шиљоглавци“, тој кој најдлабоко засекуваше кога од здравото, европско, католичко, илјадагодишно хрватство требаше да се отстрани туѓото тело на балканскиот примитивизам олицетворено во српското малцинство, се најде во улогата на својата жртва.
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
Пак е Марко во улогата на благ изобличител на неговите занеси, сега само малку поопипливо ги разголува.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Тој неможен да плаче, тие немоќни да запеат.
„Светилничар“
од Ристо Лазаров
(2013)
Седобрадиот сликар во улога на заштитник на убавината на бунтовниците: ни херпес на устата, ни крв од носот на болниот човек со баретката на Че Гевара.
„Светилничар“
од Ристо Лазаров
(2013)
Поинтересно ми е да сум во улога на коментатор отколку да бидам дел од целата таа игра во која постојано се губи или добива.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
Веќе следниот ден Поп отиде во американскиот културен центар во потрага по литература, а Марсо и јас почнавме да го промовираме ликот на Маклабас во „Неидентификуваното шоу на Калиостро и Кракатау“ измислувајќи безброј мали епизоди во кои Маклабас се појавуваше како лик на здивен балкански политичар кој освестувајќи се за реалноста на нештата се повлекува во шумите на „Маусдонија“ и почнува да живее како диво суштество кое себе се става во улога на извршител на некаква сопствена ирационална правда.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Во театарот се даваше „Отело“. Дебитираше некаква млада глумица во улогата на Дездемона...
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Тоа што можеме да го сториме тука, колку што просторот и времето ни дозволуваат, е да погледнеме наназад барајќи ги зачетоците на одредени базични линии на пристап кон оваа проблематика во разни периоди од историјата на европската и американската култура и да ги разгледаме промените кои земале место во улогата и функцијата на преведувањето.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Тоа во основа е една темна материја, честички на оние душевни сензации што се простираат и движат во огромниот простор помеѓу тагата и очајот; тоа се честички што се јавуваат во улога на невидливи оски околу кои времето на творечката индивидуа ја прави својата голема револуција, постојано кружејќи од детството до денес и од денес до детството.
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)
А една од задачите на машката геј-култура е да ја свети таа еротика, да ја чува, да ја соопштува и да ја пренесува.
Но, ако мелодрамата има своја еротика, тогаш има и своја политика.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Како некој да зел да направи римејк на ‘Филмското хорор-шоу на Роки’ (The Rocky Horror Picture Show) како општокорисен видеооглас за бесплатно емитување, со Харви Фаерстин или Ден Севиџ во улогата на Френк-Н-Фартер“.136
Гага, накратко, едноставно згрешила околу природата на она привлечното за гејовите.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Кога се најразумни, љубовните врски на геј-мажите се нејзин пример и отелотворение.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Седев во киното и ококорен од чудо ги гледав кадрите со Феј Данавеј во улогата на Џоан Крафорд и знаев дека ме чека гозба!
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
“
Или размислете за следнава приказна од закопот на Вито Русо, геј-милитантот, виден припадник на ЕКТ АП Њујорк и автор на Целулоиден плакар (студија за прикажувањето на геј-мажите во холивудските филмови).
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Ако ви треба некаква друга потврда на ова, доста ви се приказните за дрег-кралицата која го кренала Стоунволскиот бунт удирајќи го со чантичката полицаецон, небаре сакала да каже – како Феј Данавеј во улогата на Џоан Крафорд која играла разгневена мајка маченица – „Па зошто не можеш да ме удостоиш со почитта што ја заслужувам?
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Биолошкиот татко, прадедо ми Манас, кривоногиот Куман, грабливецот лихварски, премногу груб беше и низок за оној што го замислував во улогата на дарител.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Додека бев во улога на рецептор на споменатата претстава, сфатив дека сепак игрите од моето детство продолжуваат, само што сега јас, во нив, ја заземам улогата на мојата мајка - на нем набљудувач.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Лордот Хенри Вотон и сликарот на портретот, Холвард Бејзил, се ставаат во улога на исцелители преку реченици што се референца на нивната животна филозофија: „Ниту една жена не е гениј... жените се украсен пол...
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
За да ги убеди своите пријатели дека актерката ја заслужува неговата љубов, ги кани во театарот за да ја видат во улогата на младата Јулија.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Со тоа, ја лишат публиката од можноста да биде во улога на заштитник на избраните ликови од делата.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Ако кажеме дека одреден систем е во криза, според Морен, би требало да се ставиме во улога на чекачи затоа што системот делува во две насоки: да пропадне како систем или да изроди метасистем кој ќе успее да се справи со сите проблеми.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Што се, си згрешил? Во улога на доктор?
„Поетски блесок“
од Олга Наумовска
(2013)
Ме повикуваш, во улога на сведок?
„Поетски блесок“
од Олга Наумовска
(2013)
Природата распеана пратена од ритмот на најсовршениот инструмент... во улога на публика се воодушевувам од музичките тонови на фестивалот, „ЗВУЦИТЕ НА ПРИРОДАТА“
„Поетски блесок“
од Олга Наумовска
(2013)
Маниристите го сакаа Прометеј, но оној по приковувањето на карпата.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Се сакаа себеси во улогата на страдалник со разорен црн дроб, но тие својата болка не ја претвораа во Љубовна мистика, во ноќни тажанки или во романтична акција.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Дури еднаш, кога бев спречен да ја испорачам неделната доза на филтерот ме замени во улогата на Мирко и Славко.
„Филтер Југославија“
од Константин Петровски
(2008)
Често се замислуваше во улогата на Сами доколку го прифатеше Мајкиниот повик и останеше во Ататуркова Турција, на излезот на распаднатата Османска Империја и повикот на Ататурк.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Како треба да се напушти животот и сите маки, можете само вие да знаете возвишени животни, рецитираше Бургиба, потсетувајќи на свирепото убивање на волкот и на потерата по волчицата со малите волчиња.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Бездруго Бургиба се замислуваше во улогата на волкот, сведочејќи за трагизмот на животот, но и во улогата на волчицата која, според некои интерпретации, се претставуваше заштитничката на Рим...
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Напоредно со размислувањата за овие грди појави наеднаш се замислувам во улогата на потпалувач на печка во студена соба.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Зафатен сум од мислата дека јас ќе биде творецот на пријатниот ден што ќе уследи штом ќе пламне огнот, а веќе во идниот момент ќе бидам со Катерина и тоа благодарејќи на оној непријатен разговор за неа со Грофот.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Главно, за тројцата главни (Даркер, Пајо и Дипигус) се испреплетуваат секакви (противречни) приказни; дури се смета (“во одредени кругови”, за разлика од некои квантни квадрати расфрлани по космосот) дека Даркер, Пајо (Ентропија) и Дипигус се само маски!
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Тука се уште и стаорците, свињите, патките, цветовите-месождери, конзервите, завртките, електричните пили, атицистите, егзибиционистите, аристотелијанците, лилипутанците, колериците и сангвиниците, господинот Џовек, механичките коњи од парковските вртелешки, снегулките, зрната град, крблите, толосите... и кој знае кој сè не, од прилика до прилика, наоѓајќи се во улогата на помошник на злиот: господин Сенка.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Пролетта - со Вива и Пол Морисеј заминува да држи предавања по Западното крајбрежје; во исто време го снима и филмот „Филм за сурфирање“ во Калифорнија.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Шест слики од неговата серија на Авто-портрети се изложени во павиљонот на САД на Експо 67, Монтреал.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Август - оди во Лос Ангелес каде држи предавања по колеџите. Октомври - го најмува Алан Миџет да ги држи предавањата по колеџите во улога на Ворхол.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Таа рамномерно и рамнодушно се движеше по улицата надолу, чиниш во улога на манекенка којашто пловејќи по пистата сака да овозможи да ги покаже сите свои примамливи привлечности што креаторот сака да ги истакне.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Како да е легнат во улогата на некое будалиште, но се покажа дека воопшто не е будала.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)