Во фантазиите студентот се тетеравеше, силовито ја смачка збеснатата имагинација, од умор раскована, телата што се белееја, раните, крваво-црвени, како таинствен скут. Маргина 36 63
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Шекспир (Сонот на зимската ноќ): "И додека во фантазијата слики се раѓаат / На сѐ уште непознати нешта, поетското / Перо нив ги претвора во ликови / Па на воздушното "ништо" стан и име му даваат".
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
"Вредноста на нестварната слика создадена во фантазијата сѐ повеќе ја надраснуваше вредноста на стварниот узор; сѐ потенка беше нишката која уметничкото дејствување го врзуваше со сетилниот свет".
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Затоа мојата работа е да го претворам стварниот, секојдневен живот во фантазија и со тоа да го направам поприфатлив.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Го искористувам моментот на самоста да запловам во фантазија.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Спротивно на него, манастирскиот измеќар, кој не беше ни толку умен како Петрета, целата ноќ ја помина во фантазии во кои немаше пречки, а мислите му се надоврзуваа бујно една на друга и се мешаа, додека тој беше секогаш најумниот и најснаодливиот, та душата му се топеше во чисто блаженство.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Дали си создавал свои светови во фантазијата кога си бил мал?
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Бенвениста ја плати јасновитката иако не знаеше зошто така ја нарекуваат кога нејзе судбината на Рафаил ѝ стана поматна, та излегувајќи на кошавата која Севишниот ја беше пратил за да ги расчисти маглите кренати над устието што тие денови го гушеа Белград, првпат се свести дека залудно губи време во надежи и очекувања и во фантазии што не ѝ допуштија да го види она што вистински го има, синот Јехуда.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Тогаш реши да ме побара мене. „Слушнав – рече Бенвениста Давидовиќ кога седнав на чистиот миндерлак во нивната скромна куќа со бел вез што не се сипеше, туку спиеше под раката – дека што ти си врзала, човек не одврал, па решив да ја ставам судбината на мојот кутар син, жртвата моја сакана, да ја ставам велам неговата судбина во твоите вешти раце.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Добро, бев упатен во тие потраги, но тие беа нејзин труд а јас можев да ја придружувам, и тоа само во фантазијата потајно, и негде скраја.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Кога престана да му плеска на она првомајско привидение Пепрутката, веројатно понесена од некое посебно чувство, ми го постави најчудното и најнејасното прашање: дали сум посакувал да учествуваме во некоја заедничка игра, игра во која ќе имало малку свеченост но многу возбуда?
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Водството со 2:0 се случи во громогласен амбиент, кога цел свет му аплаудираше на Нил Амстронг кој стапна на месечината (добро де, не баш цел свет, оти имаше и такви кои мислеа дека е тоа холивудски трик, дури имаше и такви кои тврдеа дека месечината воопшто не постои, а и да постои – постои само во фантазијата на поетите).
„Ситночекорка“
од Ристо Лазаров
(2012)