Јас гледав во формуларот: на него беше составен еден ужасно патетичен текст, во кој најгоре, на почетокот, стоеше: „ЈАС“ (подоцна многу размислував за значењето на заменката „јас“ во партискиот и општествениот живот, воопшто), „Потресен и огорчен од она што се случува денес со здравиот народен дух и народната уметност, која е обесчестена, пристапувам кон Партијата на здравиот народен дух и се обврзувам дека дење и ноќе ќе работам на поткревањето на тој дух до степен на усвитеност, дека ќе му ги вратам часта и достоинството и дека...“.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Otto Hahn: „Некои луѓе сметаат дека авторизирајќи ја репродукцијата на вашите редимејди, го негирате својот херојски став со презир кон трговијата, став кој го држевте четриесет години; со други зборови го уништивте митот. Марсел Дишан: Ах, се жалат, квичат! Мораат да кажат: „Тоа е страшно, подлост, срам.“ Ќе им одговара да ме затворат во категорија, во формулар. Но тоа не е мојот дух.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Наместо да ја тераме публиката да дојде до уметничко дело, ние ја бараме нејзината поддршка... Публиката од сѐ прави просечност. Уметноста нема ништо заедничко со демократијата.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)