Грбот, задникот и бутовите ѝ беа добро исончани и темната боја од телото полека се претопуваше во полумракот кој ги бришеше рабовите на предметите во хангарот.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Сонцето веќе беше зајдено и низ широко отворената врата во хангарот влегуваше тежок, влажен воздух.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Прашината на сè што се наоѓаше во хангарот оставаше впечаток на запуштеност, но бирото и столот крај него, тапациран со темно-зелено кадифе на седиштето и потпирачката, беа необично чисти, најверојатно заради секојдневната употреба од страна на командирот на стражарската служба.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Со Ема работевме во хангарот исполнет со табли изрезбани во вид на луѓе, куќи, камиони, мети со фигури направени од сунѓер и гипс, со дрвени модри сандаци за оружје и муниција.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)