Да биде апсурдот уште поголем, Митревски истакнува дека работата во хотел „Епинал“ била сѐ само не нешто што би можело да се нарече дејност на „културен работник“.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
На новото работно место над Митревски постојано е вршен притисок и е малтретиран од страна на закупувачот, кој контину- ирано му нагласува дека „ако не сакаш да работиш на начин како што ти е наредено, слободно можеш да си дадеш отказ“.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Така, сопственикот на оваа фирма, за времето додека Митревски работи во хотелот, како што кажува самиот: „не даде скршен денар негови пари“ за исплата на плати на превземените работници.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
За време на овој мошне стресен период, Митревски на неколку пати бара повторно да биде вратен на работа во НУЦК, потенцирајќи дека на ваква работа никогаш не се сложил, ниту пак дека го потпишал решението за престанок на работен однос во установата.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Бидејќи во договорот за закуп не е предвидено извршување на угостителски активности во просторот каде што се наоѓаше Клуб- кафеаната, Митревски и уште деветмина работници кои работеа во таа кафеана, во мај 2006, по наредба на новиот работодавач се префрлени на извршување на работни задачи во битолскиот хотел „Епинал“, и тоа не како угостителски работници, туку како културни работници (работна позиција според новите договори за работа).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Битно е да се истакне, а согласно кажувањата на Митревски, дека платата им е плаќана од средства што Министерството за култура, наводно, тајно ги уплаќало на сметката на С.Р.С. ДОО – Скопје.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Имено, Митревски таму работеше на опслужување свадби и веселби, беше приморуван да чисти ѓубре, работеше на утовар и растовар во хотелот, копаше канали и извршуваше секакви други работи кои 62 не се во домен на неговите квалификации, ниту пак во рамките на новосклучениот договор за работа.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Платата што Митревски ја примаше додека работеше во хотелот е фиксно утврдена на 8.000 МКД, а дополнителната ноќна работа и прекувремените работни часови воопшто не му се плаќаат.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
После половина година од склучувањето на Договорот за закуп на Клуб-кафеаната, сопственикот на хотел „Епинал“ и на С.Р.С. ДОО Скопје, со допис датиран од ноември 2006, еднострано го раскинува договорот6 со Министерството за култура, а во текот на декември 2006, на работниците што ги презеде по основ на тој договор им соопштува дека нивната работа во хотелот е завршена и ги прогласува за технолошки вишок, вклучително и Митревски.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Одев несигурно по тротоарот и требаше, најбрзо што можев, да земам соба во хотел.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Ги зедов парите од банката, му дадов една сумичка на оној што ме следеше и, конечно, стигнав назад во хотелот да му платам на рецепционерот.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Сѐ во целиот кварт, и во хотелов овде, беше глуво и јас чувствував нејасен страв.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Сѐ започна во декември пред почетокот на Новата година, кога правевме планови за нашиот тридневен аранжман во хотелот Александрија.
„Вител во Витлеем“
од Марта Маркоска
(2010)
Наеднаш застана и рече ... ако не ги најдеме денес ќе ги најдеме утре, имаме пари и ќе спиеме во хотел.
„Ласа“
од Наташа Димитриевска Кривошеев
(2011)
Инаку, во хотел странецот може да спие единствено ако покаже документ, дека преку банката сменил валута за полски злоти. Во спротивно, хотелските врати се затворени.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Варшава е туристички град. Во хотелот „Гранд“, кој се смета за еден од најголемите, граден во стилот на советската современа ахитектура, врие од странци, па и од наши луѓе, иако се смета за еден од најелитните и најскапи во Варшава.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Австријците се родени туристи. Иако беше прилично доцна кога пристигнав во хотелот, гостољубивиот домаќин направи сѐ да нѐ пречека најсрдечно.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
По цел ден биле на градилиште, работеле и над нормата, а веднаш по работниот ден, кој понекогаш траел и по дваесет часа, се враќале во хотелот и, од умор, немале време ниту да се навечераат. Сонот го надвладувал и гладот.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Жедни бевме за одмор. Во хотелот „Киев“ таа ноќ имаше бал, а сето тоа нѐ однесе во некоја нестварност, во соништа, можеби поради заморот што го чувствувавме.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Спиев во хотелот „Моцарт“, кој го добил името по тоа што овде пред стотина и повеќе години спиела на пропатување мајката на познатиот композитор.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Но, штом таксистот или портирот во хотелот, или оној продавач на улица, ќе забележат дека сте странец, веднаш бараат валута, за која под рака даваат многу повеќе злоти, отколку што е официјалниот курс.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Реков, дека е претесен хотелскиот простор и се случувало групи туристи од нашата земја, кои не обезбедиле престој во хотелите, да се вратат назад или да се сместат во некој друг полски град.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Се забележуваат големо број Грци, кои најмногу се собираат во хотелот „Балкан“.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Колку и да беше заморно, и опасно патувањето, домаќините во хотелот „Моцарт“ направија сè овде да се чувствуваме како дома и да си ги повратиме силите за утрешното долго патување низ Германија кон Париз.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Луѓето се веселеа, се слушаа убавите Штраусови валцери, по паркетот се влечеа долгите фустани на дамите, со разиграни фризури, распеани и лични, така што сето тоа здивот ми го земаше и си помислував колку би било убаво да се биде овде - но заморот ме принуди да се повлечам во хотелот.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Во хотелот „Шилер“, во Амстердам, каде што спиев, изутрина нѐ упатија за појадок во една сала - без келнери и друга услуга.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Спијат во хотелот за самци на рафинеријата и на фабриката за каучук.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Една вечер, враќајки се во хотелот во Сурен, кој се наоѓа на една малку осветлена улица, оддалеку забележав силуета на пстара жена, која преку оградата на еден двор, со некого нешто полугласно разговараше.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Сиот град е во хотели, прифатилишта.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Си знаевме, од прикажувањата на дедовците, дека страв лозје чува па се здадовме на молчење, а и што друго би правеле кога уште на аеродромот ќе ве пречекаат воени стражи со пушки со многу долги цевки, што друго би правеле кога исти такви пушки со исти такви цевки ќе видите и пред хотелот и во хотелот и кога рецепционерот пред да ве запише во книгата на гостите ќе ве предупреди многу да внимавате и да не се оддалечувате многу - никакви самотнички прошетки, романтики, зјапања во ѕвездите, никакви ти реков-ми рече муабети со минувачите на улица оти мигум можете да останете со полна уста и празни џепови.
„Ситночекорка“
од Ристо Лазаров
(2012)
Во октомври 2000 година, во Скопје, во хотелот “Александар палас” беше одржан самит на шефови на држави или влади на процесот на соработка на Југоисточна Европа.
„Џебна историја на македонскиот народ“
од Група автори
(2009)
Во декември 2000 беше извршена реконструкција на Владата со членови од Либералната партија.
„Џебна историја на македонскиот народ“
од Група автори
(2009)
Во Дебар мисијата била сместена во хотел.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“
од Тодор Чепреганов
(2001)
Еднаш, во едноумието, кога личната карта не само што се покажуваше кога се пријавуваше во хотел туку таа и преспиваше во портирницата за цело време од вашиот престој, на едно студиско патување од Пула до Битола, професорот толку свикнал да си ја вади личната карта при промената на хотелите, што тоа по инерција му се случило и дома кога се вратил од пат.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Се сеќава, дури го фати за раката, и пред двосмислените погледи на минувачите, го повика на кафе во хотелот „Македонија“.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
По кратко молчење, не праша: - А каде сте на спиење? - Во хотел.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Се враќаме во хотелот. Изморени сме од целодневното патување и до некаде разочарани затоа што не го најдовме местото на нашето детско живеење пред шеесет години и гласно го коментираме нашиот неуспех.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Се вративме во хотелот на Нако.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
„Само фасадата се разликува. Внатрешноста на оние кои го прават тоа, е иста.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
„Немој да мислиш дека има разлика меѓу едните, другите и третите; тоа што едните го прават во највалкани соби од полуразурнати куќи, другите во хотели, а третите во дворци, не ги прави различни,” рече брат ми.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Се свртев назад и право во хотелот.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Докторката му вели: - Оставете го палтото.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Не сте во хотел.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
- Доцна е сега, одиме во хотелот, а Ѓердап ќе го посетиме утре. На пет минути сме од него.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Од 8 наутро па до 24 часот навечер без пауза, ги бркавме туристите кои шетаа пред плажа, за време на сончање, кога одеа на ручек во хотел „Албатрос“ и „Галеб“, се враќаа на плажа, па до крај, за да купат.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Една убава Во Струга, во она време, одморот можеше да ти биде убав ако си сместен во хотелот „Дрим“, евентуално, или да си во друштво на мили пријателчиња, кои меѓусебно перфектно се разбираат и плус еден, кој едноставно ти се случил.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Вредеше да се остане малку за погледот, малку за стравот што ми надоаѓаше однатре – или беше зашто бев гола, снегот раскашавен и мојот капут во хотелот.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Пишувам дотука, немам желба да продолжам да се сеќавам што си мислев.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Твојот евтин мал пиштол во хотелот „Нова Ружа“. Хромот почна да се лупи.
„МАРГИНА бр. 3“
(1994)
Останувајќи без работа и стан за спиење, едно време спиеше во хотел, но му беше скапо.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
На закажаниот ден дојдоа во хотелот попладнето претставници од француската организација на шпанските доброволни борци за да го земат за свечената средба и вечера.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Во хотелот Monsieur le Prince не беа многу изненадени од фантомското идење и заминување со празно и полно куферче на гостинот од собата број 17.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Камилски и Паскали по ручекот се најдоа во хотелот да го надгледуваат пакувањето на книгите во три големи сандаци од страна на двајца хотелски работници.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Кога се врати во хотелот едвај ја отвори хотелската соба зашто на другата страна од вратата беше паднал еден висок куп вертикално поставени книги.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Навечер, кога заоѓаше сонцето зад ѓерданот од мостови на Сена, Климент Камилски се враќаше среќен во хотелот, како победник над заминатиот ден чија смисла не можеше никој друг да ја разбере, освен него...
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Ден пред закажаната операција, во хотелот, пред да оди на работа во Опсерваторијата, дојде Сотир Паскали за да провери дали е с во ред со Климент Камилски во врска со неговата утрешна операција.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Така Камилски во последните денови од престојот во хотелот, во својата соба 17, имаше свој тунел меѓу своите книги кој му овозможуваше да преживее нормално до крајот од својот престој во хотелот.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Се подготвував за значајниот ден. Утрото дојде преставник од Министерството во хотелот да ме придружува.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Вечерта пристигнат во Алжир, тогаш обземен со внатрешни немири, бев убаво пречекан од претставници на Министерството за надворешни работи во Алжир и сместен во најелитниот хотел.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
И во Скопје, организиравме забави, пеевме преку радио на Петтиот младински конгрес.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
Пред да отседнеме во хотелот, бевме во една куќа на некои Мартиновци.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
Организиравме забави насекаде.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
Имаше едно девојче, се викаше Милица, се запознавме и останавме пријателки, па и денес се посетуваме.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
Потоа заедно преминавме во хотелот.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
Таму ни беше седиштето на 41. дивизија. Командант ни беше Мајката од Прилеп, а комесар Драган Тозија.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
Во Скопје бевме многупати. Ноќевавме во хотел „Бристол“.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
Во Тетово одржувавме приредби во Соколаната, а бевме сместени во хотелот.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
„ Ги имаме дури и во кујната во хотелот.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
„Дваесет и три и триесет.“ „Во хотелот во дваесет и три.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Идната ноќ ја минав со господинот Виктор Каваленко во хотелот “Крошна”.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Според она што можев да го видам и да го почувствувам во хотелот “Крошна”, за неговата празна душа и за неговото спечено срце ноќта беше тешка мора, а за неговото расчаталено тело, само миг.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Јас ја ценев работата на Ниротакис Алимакопулос и, во еден период, интерно, во рамките на моите надлежности во трговијата со жените, го назначив за шеф на транзитната служба.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Тој беше тром, тежок човек, отсутен, без трошка чувства и емоции.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Во Порто Рико бевме сместени во хотелот Интерконтинентал.
„Седум години“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2012)
Се сместивме во хотел Хилтон на големата плажа Ваикики.
„Седум години“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2012)
Сигурно некогаш бил замок, па го претвориле во хотел.
„Седум години“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2012)
Но, бидејќи бевме во хотелот и немавме каде да ја спремаме рибата, ти сета им ја даде на локалните рибари. 23.
„Седум години“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2012)
Мелинда и Џон ни имаа резервирано две соби во хотелот Мариот.
„Седум години“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2012)
Којзнае колку е скапо тука, во хотелот и во ресторанот на хотелот каде што се хранеа.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
- Да одиме во хотелот, Марија - рече Хелвиг.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Одеднаш сфати дека е во собата во хотелот.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Ќе дојдам во хотелот во четири часот попладне.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Хелвиг ја убеди. Полесно ќе ги минуваат границите заедно. Ќе отседнуваат во хотелите...
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Хелвиг ми обезбедил соба в хотел.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Имаше доста време до часот кога Хелвиг треба да дојде во хотелот.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Штом слезе на бензинската пумпа, ѝ се изгуби од пред очите, и по некој ден се врати во хотелот во Александрија.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
Таа престојуваше неколку дена во хотелот и така се запознаа.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
Ќе отидам во хотел.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Одаите ги опремил со плачки како во хотел; ги послал со ткаени ќилими.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Можеби некогаш одамна и било така, признава тој, додавајќи амандман на нејзиното амин, но тоа е друга приказна: онаа во која терминалниот пар долготрајни љубовници доаѓаат во хотелот кого што мрачно го нарекуваат Последно одмориште.
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
Се вратија во хотелот, сосем на време да се истушираат и пресоблечат за отворањето: трочасовен настан со вино и сирење, по кој галеристот на Џоен имаше закажано вечера со еден од нејзините најважни аристократски собирачи.
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
„Пег е еден од оние критичари што сакаат да мислат дека го откриле скриениот клуч за делото на некој уметник”, исфрли Џоен кога Френк ја запраша за тоа додека се враќаа 60 okno.mk во хотелот.
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
Малата Колин изгубена меѓу бројните фељтони за Битлсите, со мноштво нови, непознати детали, меѓу изјавите на бившите, дотогашни, идни претседатели на САД за „неочекуваната и голема загуба“, изгубена меѓу урамените фотографии, амблеми, привезоци, постери, маички со Џоновиот лик, меѓу „give peace a chance“ меѓу пет луксузни стана се вкупно 25 соби во хотелот „Дакота“, меѓу неваботениот дојденец од Хавана, кој шест часа пред да го убие својот идол, ја добива од него последната лонг-плејка со автограм.
„Младиот мајстор на играта“
од Александар Прокопиев
(1983)
И немаше ден мајка Евгенија да не нѐ собере. Најчесто тоа го правеше по вечерата.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Два месеца останавме во хотел. На еден кревет спиевме по четири и по шест деца.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Во продолжение ви го пренесуваме списокот на најпознатите појавувања на Хичкок во сопствените филмови. Станар - во сцената во книжарата Хичкок е свртен со грб кон камерата; при апсењето тој е еден од многуте набљудувачи. Убиство (The Murder 1930) - се појавува на патот. Уцена (Blackmail 1929) - во метро чита весник додека од соседната клупа го посматра едно мангупче. Триесет и девет скалила (The Thirty-Nine Steps 1935) - оди преку улица. Млади и невини (Young and Innocent 1937) - на судската расправа тој е еден од фотографите. Госпоѓата која исчезнува (The Lady Vanishes 1938) - за момент се појавува на лондонската железничка станица. Ребека (1940) - стои покрај телефонска говорница од која се јавува Џорџ Сандерс. Дописник од странство (The Foreign Correspodent 1940) - на улица оди покрај Џоел Меккреј. Господин и госпоѓа Смит (Mr. and Mrs. Smith 1941) - на улица оди крај Роберт Монгомери. Саботер (Saboteur 1942) - крај една трафика. Сенка на сомнежот (Shadow of a Doubt 1943) - во партијата карти во возот тој има Full House. Чамец за спасување (Life Boat 1944) - неговата фотографија во профил се наоѓа во огласниот простор на веникот што го чита Вилијам Бендикс. Маѓепсаниот (Spellbound 1945) - излегува од лифтот во хотелот. Озлогласена (Notorius 1946) - на приемот истура чаша шампањско врз душекот. Случајот Парадин (Paradine Case 1947) - носи голема кутија од виолончело. Јаже (Rope 1948) - оди по обоените делови од улицата. 44 Margina #21 [1995] | okno.mk Во знакот на Јарецот (Under Capricorn 1949) - се појавува двапати; на приемот кај гувернерот, и на скалите на владината палата. Трема (Stage Fright 1950) - на улицата зјапа во Џејн Вајман. Непознати во возот (Strangers on a Train 1951) - влегува во возот и носи контрабас. Се исповедам (I Confess 1953) - минува на врвот на големото скалиште (на кое има, како што забележува Трифо, точно 39 скали!) Повикај У за убиство (Dial M for Murder 1954) - еден од учесниците на групната слика која Реј Миланд му ја покажува на Ентони Давсон. Прозорец кон дворот (Rear Window 1954) - во станот на музичарот го дотерува ѕидниот часовник. Држете го крадецот (To Catch a Thief 1955) - покрај Кери Грант, во автобус. Неволјите со Хари (Trouble with Harry 1956) - оди покрај местото кадешто Џон Форсајт се разделува. Човекот кој премногу знаеше (The Man Who Knew Too Much 1956, римејк на Хичкоковиот филм од 1934) - на плоштадот во Мароко. Погрешен човек (The Wrong man 1957) - Хичкок го раскажува прологот на филмот. Вртоглавица (Vertigo 1958) - преминува улица. Север-северозапад (North by Northwest 1959) - трча по автобусот кој му ја затвора вратата пред нос. Психо (Psycho 1960) - стои пред вратата на трговецот со недвижнини, кај кого е вработена Џенет Ли. Птици (The Birds 1963) - со две кучиња излегува од продавницата за животни. Марни (Marnie 1964) - од хотелската соба излегува во ходникот. Искината завеса (The Torn Curtain 1966) - во хотелскиот хол седи со едно дете во рацете. Топаз (Topaz 1969) - на аеродромот седи во инвалидска количка. Лудило (Frenzy 1972) - еден од посетителите при уводното предавање. Семеен заговор (The Family Plot 1970) - неговата сенка на прозорецот од канцеларијата за статистика на жителството. http://www.filmsite.org/hitchcockcameos.html Margina #21 [1995] | okno.mk 45 46 Margina #21 [1995] | okno.mkR.D. Laing е (анти)психијатар чие културно влијание е големо и неоспорно.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Имаат време да се напијат уште по едно кафе.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Потоа следува цитираниот разговор за резервацијата во хотелот.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Иако патникот веќе се навикна на недоволното греење во хотелите во Полска, во собата прилично студи.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Сосем вообичаено за неа, мајка ми, и овој пат, откако слезе на перонот и ме бакна во едниот образ, веднаш ми кажа: - Резервирав соба во хотелот. - Ама мамо...
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
За пречек на Новата година Венче остана сама дома, бидејќи татко ѝ и мајка ѝ отидоа во хотел.
„Прва љубов“
од Јован Стрезовски
(1992)
БОРИС: Да беше во хотел, пара ќе потрошеше. Татко му и мајка му што работат?
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
БОРИС: Ти сама дома, тој сам во хотел, внук ми сам во мојот стан, јас ќе одам во подрум со шифоњерите и креденците. Разбирам слобода, ама ова!
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
БОРИС: Како не се закачи еден асолен? СОЊА: Немам ништо со него. Во хотел е.
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
Сигурно Бог, колку и да не верував во него, ми ја дари потребната сила во мигот, кога го забележав истиот џип со медицинска ознака, од кој сигурно ми се контаминираше храната и се организираше дотекот на врела вода во хотелите.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Се довлечкав премален, изнемоштен во хотелот.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Х.Х., виде-невиде, се поздрави и замина да ги престигне другите пред да стасаат во хотелот.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Се повлекуваме во хотелот. Заморот го чини своето. Тешко заспивам. Премногу се случи за еден ден и една вечер.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Мистериозниот рецепционер Р.Р., беше на врвот од тајниот полициски механизам кој бил инсталиран во хотелот и кој требаше совршено да функционира.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Требаше да се довлечкам во хотелот на мала починка пред предвидената реална претстава во скадарскиот театар.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Борхес седеше во столот, внимателно облечен, во костум со кравата, свртен кон вратата.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Околу 10.30 наутро бев во хотелот Ларбалет, сместен во едно мошне мирно катче на женева, и чукнав на вратата на Борхесовата соба.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Отвори Марија.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Седнав крај него, сосема блиску од неговата десна страна.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Едо Бранов чувствуваше благодарност кон Јани што ќе го однесе во хотелот каде што ќе може да здивне.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Како што се договорија, во петокот вечерта, бидејќи авторот пристигна во Воден и фати соба во хотелот уште доцна попладнето, тој седна во градината на ресторанот над Водопадите и ја чекаше пиејќи го последното кафе за тој ден, а потоа, по обичај, премина на бело вино.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Негова непосредна задача беше да тепа време сѐ додека не поверува дека би можел да се прибере во хотелот, малку да почита лижејќи и овој неуспешен ден да го одвали во минатото.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Јас, знаев какви глупости правел во минатото со манекенките, се задолжувал за да им плаќа престој во хотели, јадење и други глупости.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
Како и да е го пратив да си престојува во хотел, зашто моите надежи за таа врска беа мртви и закопани.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
Откако биле собрани сите информации (неподигнувањето на куферот од агенцијата било силен аргумент), се знаело дека тоа лице било Бугарин, кое по преспивањето во хотелот “Партенон“ заминало со воз кон Скопје.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Во средината на јануари 1903 година Делчев го повикал во хотелот “Батемберг“ во Софија споменатиот А.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Имено Мечев во хотелот “Вардар“, каде што отседнал Даме, отворено му рекол дека Гемиџискиот кружок бил против масовно востание, затоа што сметал дека тоа не можело добро да се организира при тие услови и затоа што резултатите од едно такво движење ќе бидат такви што населението горко ќе настрада.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Значи, ризично било да се остане во хотелот, бидејќи сигурно се очекувало доаѓањето на полицијата, но ризично било и да се стори обид за бегство.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Вечерта Г.Манасов спиел во хотелот “Партенон“.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Меѓутоа, по она што се случило на 28 април со “Гвадалкивир“ и вечерта на железничката станица, на 29 претпладнето директорот своите сомневања му ги изнел на комесарот на полицијата, барајќи од него да изврши претрес во хотелите и во дуќаните во соседството на Банката132.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
- Еднаш им се јавив во хотелот во Бомбај.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Рецепционерот вели, отпатуваа во Гоа и ќе се вратат по седум дена..
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)