Квечерина Не е дека ме јалови рана изутрина дека се тутулам в черги од бучната надојдина низ прозорот од танките стапалки што ги гибаат земјините сводови, оти не сум го знаел ни самиот свод небесен; Не е дека ноќта не ја доимувам од што е ноќно одбојно премрежје, не оти не сеќавам раце- отворени премлади булки.
„Омајнина“
од Афродита Николова
(2010)
Разлутен еднаш ја донесол назад кај нејзините во чергата и заповедал да ја истрижат; нејзината коса ја фрлиле во вирот, а потоа и неа, и Шава, ја фрлиле во вирот, намачкана со смола и со катран и запалена.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Тие, Алиловите потомци, раскажуваа дека додека едни од нивните одамнешни соплеменици работеле како аргати по чифлизите, други ковале српови, дупчеле решета, потковале коњи, трети, жените и децата, вражале и краделе по селата, тој, ли, некогаш убав и силен ковач, тогаш веќе остарен и ослепен, останувал во чергата, а со него, за да го чува, Шава, прекрасна и немирна девојка.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)