Башка повеќе жежи затоа што „културата“ (во чие опкружување се обидува да дише на шкрги и да биде одвај видливо, ко Челичната Шепа, ова ситно, наказно телце по име Маргина/ Темплум, некакво си хибридче од пар култури, и затоа опасно) речиси дека е на ниво на племенска култура, без критериуми, релации, фидбек, самопрогласена, самобендисана, без најобична рецепција (а камоли „критична“!), култура во која бавењето со книги или е работа на примитивни социјалистички профитери- гребатори или најцрн идеализам кој за кратко време ишмукува толку што човек се претвора во школка, во ехо на згазен молител.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Се знаеше дека во нејзиниот череп, како бисер во школка, имаше камен со амајлиска моќ.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Под пријатната тежина на покривките нејзиното тело беше благодарно топло, заштитено од навестувањето на студената белина, како бисер во школка.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Не сакаше да стане, сѐ уште не можеше да се оддели од заштитничката прегратка на постелата.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
За мене Рада е откритие, бисер од литерат скриен во школка.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Навикната да носам секогаш нови долги панталони се закорени во менекако песочно зрно во школка.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Тоа е миг кога окото човечко е под опсада само на едно делче на светот пред кое другите нешта престануваат да живеат - светлоста се повлекува во темница, звукот се затвора во школка на тишина, мислата останува скаменета, нема небо, нема земја; сѐ е магла во која, дури и без тебе телесен, живее единствено предметот на твојата еуфорија со која само среќните старци и се предаават на смртта.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Ете, ова е бисерот. Тешко е да се забележи некаква Чудна Јамка во овој бисер, затоа што, во стварност, Чудната Јамка се наоѓа во школката одн. во доказот. okno.mk | Margina #17-18 [1995] 33
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Животот на Мајка се ронеше во спасувањето на своите чеда, дури и кога стаса во доба чедата да го спасуваат животот, таа се повлекуваше во школката на својата осама, во домот со татковите книги, секогаш со жилава надеж да нѐ дочекува од некое враќање.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Навиката да носам секогаш нови долги панталони се закорени во мене како песочно зрно во школка.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)