Како да сакал отец Мида да каже дека човек треба да застане на местото од ѓаволот, во ѓавол да се престори за да го разбере словото; тоа е цената на читањето на скриените значења!
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Традиционално, уметниците биле сметани за боголики според нивната креативност; преземајќи ја Жариевата алузија, Дишан го обрнува уметникот во ѓавол, воспоставувајќи растојание од неколку светлосни години меѓу себе и уметниците од тој период.
„МАРГИНА бр. 3“
(1994)