во (предл.) - јаз (имн.)

Арно ама, овде, пред прагот, ме подбраа бесни кучиња, држ не давај, сѐ ми истурија во јазот, во калта. Простете ми, ништо не ви донесов (Пауза)
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Не гледаш луѓе да киснат опинци во јазот, да поправаат опути.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Кога чувме дека умрела, се сетивме и за мочањето во јазот.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И бабари не поминаа. Немаше ни кој да го разгази снегот, ни зошто да го разгазува. Остана само ״фати глувче за опавче, фрли го во јазон и кани му од газон“ .
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Една ноќ се мочавме во јазот и некој ни рече: „Кој се моча, ноќе, в река, ќе му умре мајката.“
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)