Имајќи шанса да ја искористам таа смрт, јас ќе се потрудам, за доброто на сите чувствителни кои го населуваат Небото, да го добијам Будиното совршенство, растопувајќи се во љубов и сочувство кон нив, и упатувајќи го сиот свој напор кон Единственото совршенство.”
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
Но тогаш согледав дека можам да уживам во љубовта и во радостите на стварниот свет и почнав да ја мразам болницата.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Ние всушност, се уништуваме самите себеси преку насилство претворено во љубов.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Но кога насилството ќе се преправи во љубов и кога ќе се појави пукнатина меѓу сопственото јас и егото, внатрешното и надворешното, доброто и лошото - сѐ друго станува пеколна игра на лажни двојства.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Беа двојка, како два орева во една кафтица, родени да бидат заедно во животот и во смртта, како што пишува во светите книги, па луѓето веќе и не ги замислуваа инаку освен како сраснати ако не родени во љубовта и за љубовта.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Секој чекор набљудува, божја милост сака, како рубин сјае, заедно со човек во љубов расне, својот црн другар го следи, неразделен, знае дека вреди.
„Портокалова“
од Оливера Доцевска
(2013)
Бев повреден до срж, бев гневен, оти во љубовта најмногу разжестува покажувањето несексуална моќ; веќе не ја слушав Луција, и само се сеќавам, како низ магла, дека таа говореше за некаков втор блок од програмата, по некакво оро, и дека финале, круна на приредбата ќе бил бабарскиот обред од нејзиното село кое ќе го изведувала таа со некоја одбрана дружина од тој крај; во тој обред таа го препознала самото битие на овој народ, а тоа било многу важно за зачувувањето на здравиот народен дух денес, особено кај помладите генерации.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Оти чувствував длабока аналогија меѓу сексот (сѐ уште неостварен со Луција) и политиката; чувствував дека и во љубовта на Луција има дел од таа политика, од стратегиите. И ја одбив.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
„Зарем не се езатени и екутени два збора во љубов некаква, во сродство и подобие телесно?“
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Од таа моја несреќна авантура изегов со две лузни: најпрвин, јас сфатив дека Луција точно виде дека моето тело е неискусно во љубовта и дека не сум спиел со жена; тоа ме понижи и ме доведе во ситуација да не излегувам никаде; паднав во депресија и почнав да размислувам да платам проститутка, за да ја завршам таа работа (токму така мислев, и сега тоа ми е многу симпатично: да ја завршам таа работа); второ, не знаев да ли има смисла, откако ќе ја усвојам технологијата, да се враќам кај Луција.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Човечката цена на љубовта произлегува од тоа што општествената институција љубов се збркува со природниот, самоникнат, незауздлив израз на силно чувство.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Неговото дејство го лишува љубовникот од секакво чувство дека има контрола врз своите емоции и постапки, а со тоа и го ослободува од секаква одговорност за сопствените чувства.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Зашто, голем дел од емоционалната деструктивност во љубовните врски произлегува токму од тоа што љубовникот не си ги гледа чувствата и однесувањето како незадолжителни, како обликувани (барем делумно) од условна општествена улога, како ефект од изведба на културно сценарио и како вдоменост во романтичен идентитет.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Според овој сѐ потрендовски начин на мислење, машката хомосексуалност некако овозможува необичен поглед на светот, сосе куп подлабоки увиди во животот, во љубовта и, воопшто, во нештата што се прашање на вкус.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Оневозможувајќи му ја на љубовникот перцепцијата дека однесувањето во љубовта му е, всушност, изведба – а не неволев резултат од некој севозможен импулс – романтичноста ја претвора љубовта во неизбежна судбина. Plus fort que moi (‘посилно од мене’ или ‘ме тера’): тоа е геслото на романтичната љубов.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Што ако, кажано накусо, постоунволските машки геј-ставови се погрешни, па излезе дека машката хомосексуалност има помалку врска со сексот, а повеќе со културата, како и со чувствата, со емоциите и со сложените комбинации на афектот (како што тоа се сјадрило во љубовта на некои геј-мажи кон Џуди Гарланд) кој го имплицираат културните практики?
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Обвиткан во љубовта кон човечкиот род, истите тие ќе ти создадат чувство на сигурност.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)
И сепак сум… Во ништост од презир и врева…
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Моите несреќи… Тие се појавуваат и исчезнуваат… како сенки во љубовта…
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Поезијата има чудна и боженствена сила да ги доведува нештата во ред, омразата да ја претвораат во љубов, а хаосот во хармонија.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Блажени се оние што ја спознале љубовта во срцето свое, оти љубовта е патот и целта, и љубовта човека го избавува од вечната смрт на омрзата и на тагата, а секоја љубов коренот свој го има во љубовта кон Него, па тие што љубат, во љубовта Нему му се поблиски“.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
„Љубовта ти доаѓа како изненадување, и самиот нема да знаеш кога ќе ја видиш, нема да ја препознаеш..., необично пријателство што прераснува во љубов...
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Таа беше новата љубов во неговиот живот, љубовта што му дојде како изненадување, необичното пријателство што прерасна во љубов...
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Секогаш ќе бидеш сакан и секогаш ќе бидеш вљубен во љубовта. ’Ла гранде пассион’ (големата страст) е привилегија на луѓето кои ништо не работат “.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Иако знаеше дека може да дојде до сето ова, Јана, сепак, веруваше во љубовта на Ѓорѓе.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
- Те молам! Само да не се колнеш во љубовта.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Среќата ми ги отвори своите врати. Во љубовта сум како во облаци.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Многу веруваше во љубов и во образование.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
И никој поради тоа не ги осудуваше, не ги презираше и не ги земаше на подбив.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Длабоко навредените, оскрбените, грешниците, покајниците, осамените, јадосаните, очајниците, неутешените во љубовта и во загубата на најмилото, луѓето исправени пред неизвесноста и ризикот на следниот чекор, животните корабокрушеници, - сите, сите доаѓаа тука и на дивината наоколу, на небесата над Потковицата, на овчарите и на случајните намерници, лелекајќи гласно им ги доверуваа своите тајни и несреќи, своите болки и загуби, своите намери и решенија.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Се шушкаше по ќошињата дека Ване и Ганка се во љубов иако и мајка ѝ и очувот не сакаа да чујат за Гавранот туку бараа зет што има занает в раце и - дуќан! Зошто и дуќан, не знаев.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Мојата е да го најдам мирот во љубовта, да ја оплеменам со пород и плод, за на крајот мирно да си умрам.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Се сакале толку што дури и се мразеле, да имале нозе ќе се испогазеле.
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
Во љубов топла како мраз живееле брат и брат, рапав глас и врескав глас, родени во Шумшул- град.
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
Во љубовта само еднаш се исти љубовниците..
„Разминувања“
од Виолета Петровска Периќ
(2013)
Шумовите во собата го тераа да мисли на Јана и да ја сонува, не в парк, каква што ја знаеше, туку в кревет со тој црн лекар, одмерен и пресметан дури и во љубовта.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
И јас цел живот барав да бидам сакана и добра, никогаш не бев сигурна во твојата или, пак, во љубовта на татко ми.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
Ноќта, кога се колнеа во љубовта што го потврди непишаното правило дека таа може да се роди и на прв поглед, Авни ја преточуваше нејзината долга коса низ прстите велејќи ѝ дека тоа го потсетува на заграбите трева во ливадите на Орлик, кога како дете ги пасел говедата. Ѝ велеше дека нејзината коса го потсетува на мирисот на тревата, на питомото и дивото што извирало од нејзините жилки, претворајќи се во жештина што треба да се истури и дека тој ја чувствува таа потреба затоа што топлите, танки прстиња на Сања, веќе се шетаа по брановите на неговата црна коса, по тилот, и продолжуваа по вратот, по рамената и надолу по грбот, слегувајќи како повев на јужен ветар на страните од бутовите во кои Авни ја нафрли сета своја машкост вовлечена меѓу широко раширените нозе на девојчето.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Така робот Бошко, запленет негде над кумановско, во нејзините очи наеднаш ги изгуби сите маани ѝ стана дете што треба да се гали и да се израсне во љубов.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
А во љубовта си многу среќен, но најмногу со тој што е сличен на дивиот трендафил.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
- ОФ, ДОЈДОВ, ЅВЕЗДО - ВО ЉУБОВ И ВО БОЛКА ДА СЕ ЗДРУЖИМЕ... - ЧУДЕСЕН ПОВЕВ... ШУШКА МОЛИКА ПЕЛИСТЕРСКА... ***
„Молика пелистерска“
од Бистрица Миркуловска
(2014)
Зар не согоре Мајка во својот живот токму во љубовта кон семејството?!
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Патуваат по реката до океанот, до колепката на раѓањето, кај што го завршуваат животот во љубов.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
А во љубовта не само што сè оди и трча туку и сè лета со затворени очи.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Ја искористи предноста што ѝ ја овозможуваше поголемото искуство а и возраста. Постара е неколку години.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Или, како што ми објаснуваше подоцна за да го одложила моето прво разочарување во љубовта.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Инаку, верувај, најслатките маки во љубовта се оние кои доаѓаат од нејзината злоупотреба.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Сомнението е најмудриот придружник во љубовта.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Ми беше познат тој случај, со сите последици; мои беа и оние зборови: дека во љубовта покрај одењето и трчањето е присутен и летот па сепак не бев во состојба да ја сфатам загриженоста на Б.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Цитира дури и една нејзина мисла: Ана вели дека ние, луѓето, кога веќе имаме храброст да го доживееме убавото во љубовта, треба да имаме храброст да се соочиме и со нејзините грди страни!
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Општеството сѐ повеќе ѝ го отежнува на единката пронаоѓањето на задоволство во љубовта и во работата, освен тоа, честопати ја опкружува со исфабрикувани фантазми со што најпосле, тотално ѝ преседнува секое задоволство.“ (Lasch, ibidem) Margina #21 [1995] | okno.mk 35
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Ваквата состојба се индуцира во раното детство. Зарем лажењето во љубовта првенствено не е одбрана од сексуалната љубомора, и зарем трендот кон групен секс не е обид да се избега од тој конфликт? Тоа само до тривијалност го редуцира сексуалниот чин, и така го губи значењето.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Можете да го избришете значењето на актот на ставање пенис во вагина, во уста, чмар, или под пазувите, но ако на интимното соединување на две тела му дадете значење поголемо од јукстапозицијата на два епидерми и мукози, ќе се најдете во царството на страста, и тоа нема туку-така да можете да го занемарите.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Произлегува дека сепак не е сè во љубовта, па и кога е во прашње љубовта кон еден крал, туку и во цената што треба да ја платиш за да ја потврдиш таа љубов.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
„Васј, ја приведу Јенкова, что ти думајеш. Пригатовиш боршч?“
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Нејзината закана е исто толку вистинита во Историјата, како и во сништата,во љубовта како и во омразата... ...во потерата и пленот и гонителот играат според обредно – магиската логика – нивната неизбежна врска е енергетска – силата што ја троши ловецот за да го дофати пленот, бара и бегалецот да ја внесе истата сила и итрина за да измолкне.
„Пловидба кон југ“
од Александар Прокопиев
(1987)
Со симнувањето на превезите од тоа име, коешто е и знак и симбол и едноставно напишано име, влегуваме во ЛАВИРИНТОТ наречен “екскомунициран уметник, повеќекратен аутсајдер, вљубеник во љубовта како единствен вистински пат до вистината”.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
„Налик на слепиот грчки пророк Тиресиј“, смета Weibel, „тоа е поетот наркоман и хомосексуалец, кој ни ја предочува апокалипсата на 20. век, од холокаустот до Сидата“. Burroughs насекаде ги пронаоѓа вирусите, дури и во љубовта.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Караваџо е филм за Микеланџело Мерисио од Караваџо, филм за Пазолини, Џарман, Фасбиндер, Ортон, за поетот-кловн-дете.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Во овој случај, да парафразираме еден од тие “црни” Французи - Бодријар: голем се станува единствено со побуна против сопствената нација, со востание против владеачките (викторијански) вредности.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
И ништо не е случајно, секоја радост, секоја тага, секоја болка, секоја нежност, секој копнеж и сега кога е крај, кога сите слики се тука пред моиве очи, кога го склопив мозаикот на моите спомени, сега знам дека зиготот на животот е во љубовта.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Надежта за живеење е во љубовта и убавината во секоја форма.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Валоризација на интимни, мирни и спокојни секојдневија, откривање на големата слика на животот, мир, спокој, бои, мириси, светлина и нова енергија, сосема поинаков свет на убавина.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Од моите патувања најголема радост беа пријателствата кои се родија од исти или слични потреби.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Да си ги напишал Татковите книги порано (уште во онаа академска фаза од Твојата писателска биографија), за да можел Твојот пријател Патрик Крисман да ги преведе на француски пред Барт да ја напише својата блескава книга за неискажливото во љубовта, можеби и приказната за Твоите Мајка и Татко би нашла место во нејзината работна библиографија...
***
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Восхитена од нив од нивната кревкост, чувствителност и топлина што не умеела соодветно да им ја прераскаже односно да им ја пренесе на своите најблиски, плашејќи се дека тие не ќе можат да ја разберат (...како да ме разберат зборувајќи им за кози и за книги, а да се избегне чувството на простото и на бизарното...; Старова, 2008: 10) таа решила да Ти пишува Тебе. за да Ти го каже веднаш најсуштественото:
Всушност, отаде материјалната, социјалната или политичка реалност изнесена во книгите, пленува начинот на кој Вие го оживувате овој свет на кози и книги.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Всушност, во тоа важно писмо госпоѓата Лајбовиц се обидува да ти објасни зошто (воопшто) се решила да кореспондира со Тебе: тоа го сторила исклучително поради својата фасцинација од светот на твоите родители и онаа чудесна тишина, Барт би ја нарекол Љубов, која нив ги одржува обединети во текот на многу години (Старова, 2008: 22).
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Дали во љубовта постои ИЗВИНИ...
„Животот од една слива“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2014)
Искрено, требаше многу време, многу телефонски разговори за да ми се врати довербата во него и во љубовта воопшто.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
- Не дали може, туку дали мора така да се случи – тоа ме интересира. - Не мора, но може – рече Саше.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
- Мислиш, дали со текот на времето нивното пријателство може да се развие во љубов?
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)