во (предл.) - ќесе (имн.)

После ти знајш оти за попење сака и некоа пара повечко, a јас маж, немам ни петак во ќесето, та тоа ка ќе излезе.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
И тргааа уште во четвртокот, за да пазарат во петокот без пазар, со парите во ќесињата.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
А целото село ќе се грижи за храна на мајсторите што Стале ги најде и ги пазари 24 лири да ја соѕидаат црквата, иако немаше ни 24 пари во ќесето — Пак, село нека е весело, — велеше тој.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ако не дадат, нема да се кокорат кај мариовките, — го убедува Митре Раифа и уште на кинисување завитка две мартинки во сакмата и му ги товари на куцото магаре, та ги однесе во Градешница.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Сивевица се израдува, и се исплаши.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ги внесе врзмите во племната и ја скри торбата во ланската слама, но му се виде несигурно, та преку ноќта зеде копачка и една латвица, та, потемница, ги претури од торбата во латвицата и ја закопа длабоко во истиот ќош. Не заборави да задржи и кладе во ќесето десетина парчиња.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— А велиш, по две лири за мартинка и по лира за кокинка ќе дадат? — поомекна Раиф и веќе си замисли педесетина лирички во ќесето за продадените педесетина мартинки, што ќе ги купи од Остречани по лира, а Митре ќе му ги плати по две, та дури и во таа „трговија" ја виде и помошта на валијата и падишахот, оти христијаните сами меѓу себе ќе си ги вадат очите и ќе се тепаат.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Та малку ли му се петнаесет оки злато кога тој немаше ни петак во ќесето?
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Си ги наполни врзмите со трева, во десниот ја кладе торбата и си тргна в село, сиот затресен.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Веднаш почнува да чита:...зад твоето лице постои сешто, зад моето лице е и твоето...треба да имаш доволно шапки...(со левата рака го зема преполнетиот пепелник)...знам дека постојат големи слабости...случувања имаат свој од...(ги истресува догорчињата во ќесето врз компировите лушпи и неуспешните страници од огледот за Калвино)...ги броиш пукнатините на таванот (навистина ги има)...чувствуваш ли како од овие писма се ткае приказна...
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Ние децата никогаш не успеавме да видиме ни што ни колку татко ни донесол во ќесето, ниту пак што накупил по местата.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Сетне, во ќесиња ги собрале остатоците од старицата, ги товариле на џипот и молкум ги однеле со себе.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Еден дел од ископаната земја се расфрлала и газела во визбата, а друг во ќесиња бил изнесуван надвор од берберницата и фрлан во морето или на други сигурни места.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Во ќесето на Глигор се останати пет лири, со нив Едип може да стори чудо.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
АРСО: (На Поцко.) Тргни се, де! Во туѓо ќесе не пикај нос!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
На Поцко, кој му се доближува.) Е, е, во ќесето ќе ми влезеш!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
- Амајлијата ми беше ноќеска околу шијава а сега ми ја нема.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Света земјичка од Исусовиот гроб во ќесе од кожа, се сеќаваш?
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Не ви личам секако на Сирано кој, кога немал ништо веќе во ќесето, со божествена духовитост го одбивал она што му го давале.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Од тој ден човекот се исуши, се намали, во ќесе за тутун да го собереш.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)