Се к’ти ноќта и муграта чека виделото да самне како тој што пееше во чемерната ноќ Ни смртта смрт е во надежта Надеж што ќе се збидне со ѕвездена роса под небото на најдениот збор Оставете го нека спие долго со зборот таа несоница свидна што ечи в смртта и биднината О оставете го во ведриот спокој
„Елегии за тебе“
од Матеја Матевски
(2009)
Ете зошто сакаме да бидеме со тие крволочни и гладни глутници, сакаме да стапиме со нив во ведар и смртоносен судир.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Миризбите беа во ведриот ритам што сакаше тој да го вѕида, во животот, а мечот беше таа. Таа: убавата, милата, добрата, загрижената...
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Фрлив поглед долу и го видов и Јехуда Давидовиќ, расположен како дете, како и самиот се придружува во општата радост, чука по седиштето и вика од задоволство во ведриот дел на пуримската служба.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Блефира ли, или вистина има пријатели на високи позиции.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
„Бездруго, еминенцијо”, рече Беренц погледнувајќи со интересирање во ведриот, но авторитетен духовник, кој по оваа реплика уште повеќе порасна во очите на есесовецот испратен во оваа европска провинција.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Портата ја отвори нејзината мајка и самата уплашена од средбата, му кимна со глава на збунетиот просец.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Екна песна. Имаше револуционерни напеви во кои името Сталин се заменуваше со Чанга. Во песните се внесуваа и кози. Па така, силно се пееше во ведрата ноќ.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Овде Мајка среќаваше еден друг Татко, сиот во полет, во ведар оптимизам, во годините на сиромаштијата и на егзилот.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Не беше лесно да се трага по небото на Мајкиниот живот, по ѕвездите на нејзиното детство, по нивното тивко ноќно зрачење во ведрите години на животот, по миговите кога таа се ослободуваше од својата длабока внатрешна тишина и носталгично ни дошепнуваше по некоја нејзина, само нејзина тајна која не допираше до Татко или, кога ќе допреше, таа го немаше поранешното значење, значењето коешто некогаш го имала за Мајка.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)