Ги качија, значи, на железничката станица во задушливото купе од трета класа, да не свртуваат премногу внимание врз себе, и ги испратија кај вујко им со двајца непознати трговци, негови пријатели и со по десет златници што Моше дома им ги заши во поставите на нивните нови палтенца, грижно кроејќи го да не се познава и зацврстувајќи го со посилен штеп поработ што прецизно го испланира.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Арсо малаксано се опушташе на леглото, а му се чинеше дека тоне во задушлива празнина и врз лицето му се дипли сребреникава пајажина која му пречи да дише...
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
„Раскажете ми уште една приказна, стар пријателe“ рече Филип, облегнувајќи се со сета тежина на лежалката. „Кога сум крај море сакам виски и приказна...
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Фили Мајлд влезе во германската пивница, каде што во задушливиот полумрак брмчеа дебели муви.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Седеа пред телевизорот во задушливата трпезарија и пушеа.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)