Последниот неволник од оние што биле пречекани од подмолна заседа бегал гологлав со забуцан нож под десната плешка.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Луѓето, како силуети, се вовираат по тесните и кривулести улички, влегуваат во бистроата и кафеанчињата, во баровите, кои однадвор се обоени со интимна црвена светлина и внатре, под звуците на некакава музика, редовно од плочи, се впуштаат во лесен живот, за една ноќ, а можеби само за миг, со некоја убава блондинка, додека се има пари таа да се почести со чаша пиво или со жесток пијалок.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Пламенчињата од запалените свеќи, треперејќи во лесните повеви на ноќниот ветрец, бледо го засветлуваат оболеното лице на Ѓорѓи.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Фино обликувана, витка фигура на жената одзади, во лесниот мантил, изгледа како девојка.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Пијана и слатка мака го завиткуваше во лесен облак.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Тренинг Го пресоблекувам паметот во лесни мисли.
„Зборот во тесен чевел“
од Вероника Костадинова
(2012)
Чекорите му биле нерамномерни додека чудно одмавнувал со нозете во лесни опинци повремено обидувајќи се со слаби скокови да биде што подалеку од тој пекол на бучава, ѕвечење на јатагани и ножови и секакви пцуења или офкања.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Мора да стане, мора да појде надвор не само заради себе си, туку за дечињава... да не одат насекаде околу! и мислата ја претвора во лесен скок и ја исфрла надвор во денот.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Живо расправаат, но нивните гласови не се слушаат во жагорот на реката шетачи облечени во лесна летна демодирана облека со белези од сите европски земји.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)