Според разговорите што ги водев подоцна со старите жители на селото, во Маказар немало семејство Боте, та заклучив, што набрзо од хартиите и ми се потврди, дека учителот веројатно бил од друго место, донесен можеби специјално од Никола Поцо за да држи училиште на народен јазик и, во тој случај, можеби и живеел во еден дел од куќата на трговецот, та тука останал и неговиот ракопис, спастрен подоцна од семејството Поцо во лимената кутија која, очигледно заборавена, стоела во дупката на ѕидот од потонот.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Тој со мајка му, за да му ја исполнат желбата што ја остави пред умирањето, го пренесоа во лимен ковчег во селото и го закопаа во дворот пред куќата во која никогаш не влезе да живее.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Азис ја преточуваше бозата од кантите за млеко во лимените буренца од кои со чепурче ја точеше во чаши и кригли.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Потем, пред погребот, во капелата, го донесоа во лимен сандак. Рекоа: не може да се отвори.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)