За најприврзената, единствената која што во мачните изгнанички години страдаше со него по пустите острови, која го храбреше, советуваше, која му роди и отхрани во гордост и топлина два сина – за неа тој беше убеден дека го труе.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
XXIII На патот кон морето Х.Х. неколку пати безуспешно се обидуваше да ме извлече од молкот кој напати ми беше најдобриот сојузник во мачното патување.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
О, невино, и самиот во мачна прелага живеев, сè дури не осознав дека и врз твоите коски е удрен печат на прокоба и роб: јас продолжувам а ти како заробеник стоиш оковано на брегот на мојата татковина.
„Ненасловена“
од Анте Поповски
(1988)
Семоќни волшебници со змиски очи се спогодиле да ги состават овие луѓе во мачната и тешка илјада деветстотини и дванаесетта година, во која не се знае колкав ќе е откупот на поразените ни колкава ќе е и каква награда за оние што ќе слават.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
„Зар е можно да паднат и да пуштат корен опасните бацили токму тука?“ и полека и сигурно во мачниот тек на иследувањето се создава во него нешто како обврска, одговорност за нешто и некоја не сосем определена виновност, што се создава од самата службена потреба да се наѕира во душите, во мислите...
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Претседателот се врти во мачен круг.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Беше крајот на ноември 1948 година, поточно 28-от ден на месецот и тој ден засекогаш ми остана во мачен и горчлив спомен.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Пеш по светот поема Песна прва Греј, о мила месечино, сјајно, греј и огреј ми страден род, во мачна душа шепни му тајно за дните нови под златен свод.
„Песни“
од Коле Неделковски
(1941)
Сето постоење му мина во мачна загушливост.
„Азбука и залутани записи“
од Иван Шопов
(2010)
Мајка му се доверуваше на огледалото и во мачните и долги години на егзилот кога ќе стигнеше телеграма-некролог од другата страна на границата, која јавуваше за смртта на некој од нејзиното семејство.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Се сеќавам и на други мајкини поговорки и изреки, ги враќам во животот со нивното неизветвено значење, ме заштитуваат, и многу други на кои не се сеќавам, без нејзиното присуство, како неодминлив штит во мачните ситуации во животот...
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Место граници, луѓето меѓу куќите си имале капиџици кои ги поврзувале, и во среќни и во мачни времиња.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
И заспа, втонувајќи во мачен сон: минува со автобусот низ селото, но селото го нема: избувнал вулканот и го смачкал; се гледаат само урнатини од куќите; овде-онде се гледаат јагленосани луѓе останати во онаа положба во која се нашле кога избувнал вулканот: едни легнати в постела, други седнати, трети расфрлани по дворовите и сокаците како што бегале; добитокот исто така: јагленосан; јагленосани и дрвјата.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)