Тогаш празникот од Татковата библиотека се пренесуваше во целата куќа, во Мајкината градина, на патот што беше пред нас во животот.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Бранувањето на лавандата низ провансалските полиња силно ме потсетуваше на пролетното цутење на јоргованот во мајкината градина во нашата последна куќа, куќата крај реката Вардар.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Како да бараа во веселиот израз на лицето на ќерката, одговор на прашањето - што е тоа што така одненадеж ја доведе во мајкиното огниште? Сама, без мажот, со малиот син.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Момичката се згуши во него. Сета се смалечкави небаре во мајкин скут заспано детенце.
„Молика пелистерска“
од Бистрица Миркуловска
(2014)
Ги замислував новите пукнатини во мајкината душа.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Кога ќе види, што ќе види: мајчиниот топол поглед заменет со мртовечки череп, како оние што ги има на секој трансформатор насекаде низ светот и под кои пишува: внимавај, опасно по живот!
„Светилничар“
од Ристо Лазаров
(2013)
А да беше старата питомина во мајкиниот поглед, таа сигурно благо ќе го прекореше оти костумот му е толку искинат и бербатосан.
„Светилничар“
од Ристо Лазаров
(2013)
Но и овој пат Татко не сакаше да влета во Мајкиниот италијански сон, макар што и тој беше присутен во него, на одреден начин.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Еќрем–беј Влора, ќе се вреже во мајкиното сеќавање како прекрасен човек надарен со незапирлива добрина, љубов, но и смисла за хумор.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Се чинеше дека таа нѐ чувствуваше нас, преостанатите чеда, подалеку од својата орбита, како одлетани птици кои го загубиле кодот на вистинското враќање во Мајкиното гнездо на очекувањето.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
И секоја пролет, кога ќе расцутат првите јорговани чија модрина се истура и во Мајкините градини од нашите одамна напуштени куќи, над кои пловат облаците на семејството, меѓу небото и земјата, небаре исто како во сликите на Шагал, во мене се враќа споменот за Мајка.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Ова нејзино кажување, коешто повеќепати го повторуваше, секогаш предизвикано од самите настани, не ја открива само суштината на нејзината храброст да се соочува со неизбежните настани во историјата на нашето бегалско семејството туку и вербата во мајкината метафизичка верба, во нејзината натфизичка сила.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Кога се случи, со клуч од една од одамна напуштените куќи на семејството, да ја отвори вратата од куќата крај реката, Татко, барајќи го постојано вистинскиот клуч на животот во новите предизвици на егзилот, започна да верува во Мајкината метафизика на враќањето, во нејзината поврзаност со Севишниот...
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Низ чардакот се пренесе миризбата на камилицата која растеше во Мајкината градина.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)