Динамиката на нејзиното формирање, нејзините цели и намени и нејзината политика се нужно различни.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Една поткултура не е исто што и една култура.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Една поткултура е во опозициски (ако не и противнички) сооднос со веќе постојниот склоп од авторитативни културни вредности и таа упатува, експлицитно или имплицитно, на свет што самиот не е сопствено независно создание.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Мислам, на пример, на драмските и недрамските дела од Оскар Вајлд, на Во потрага по изгубеното време од Марсел Пруст, на романите и есеите од Вирџинија Вулф, на поезијата од В. Х. Оден и на песните од Ноел Кауард.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Ако во целава книга доследно зборував за машката геј-култура, а не за машката поткултура, тоа не е затоа што се обидував да ја избегнам импликацијата дека машките геј-културни практики со кои најмногу се занимавав се вторични, поткултурни, туку само затоа што сакав да избегнам да го претрупам текстот со таа недрага сложенка од поим.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)