Во Розино, се расправа, уште постои некој килим, кај некој стопан, стар педесеттина години, сиот намирисан во розово масло.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Не попуштам, туку и натаму гледам кон внатре: црвената се разлева, се разблажува, и некои жени, побледи, во розово, лежат, или се тоа нивните опуштени сенки, а бојата за која помислив дека задушува, сега е заднина на еден, во основа спокоен пејзаж.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
А се сеќавам на своите почетоци пред години, кога го снимав младиот Минхен Муаремов, во розов фустан и црна перика на главата, како рецитира една стихотворба што тогаш ја смисливме и ја крстивме „Песна за Холивуд“...
„Бед инглиш“
од Дарко Митревски
(2008)
Ја кренав главата и над сивите кадели магла ја видов судијката со необично бела и несредена коса пред која стоеше бокал покриен со салфетка во розова боја.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Лилица изгледаше прибрано; тоа беше жена на возраст помлада од педесет години, со нагласена, дури невкусна диспропорција меѓу половината, силно стегната со свилен колан во розова боја, и широките колкови; жена со издолжено лице и мала уста, со костенливи, широко отворени очи од кои ѕиркаше прашален поглед и молба со неодложна потреба за објаснување на она што се случува во мигот.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Ја кренав главата. Судијката ме гледаше право в очи. Или можеби така ми се причинуваше.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Во тој миг судијката удри со дрвениот чекан на кружната гумена подлога што стоеше на масата, веднаш до бокалот со вода над кој беше распослана салфетка во розова боја.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Рамениците, невкусно стегнати во розова свила, и паднаа ниско, рацете се издолжија и останаа беспомошно виснати.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Обид Ако сменам постелнина, пижама... во розова боја, Ако се напијам „Розе“ вино, Ако ставам розови очила, Ќе сонам ли... убавец со сини очи, во тегет гаќи?
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Исправи се во април, а јас ќе отпатувам во Белград, понеси ги со себе сите песни на Здравко, а во мај ќе бидам невеста во розов фустан, таков сонував од мала... потрај како мај, барем 31 ден, те молам, за да бидам најубавиот јуни кога ќе бидеш летало од радост, зашто ќе ти кажам дека ќе станеш татко.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Џон во зеленкаста, Пол во сина, Ринго во розова и Џорџ во цинобер гренадирска униформа.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Ставив слушалки на уши, си ја пуштив мојата омилена касета и запловив во розови мечти за голема, сјајна иднина во Холивуд.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
ЛЕТАЈ, БРЕЗА, ЛЕТАЈ!
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Ралфи се распадна во розов облак од течности.
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)
Краста: Перфектно, перфектно! (Го потчукнува по рамо) Тики, ти овој сив свет го боиш во розово!
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Ќе нè чинат само 200 марки, колку за два грама.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Стига и да помислам: зошто животот од вчера да не ни се случи и задутре - па сѐ во мене да пламне од сиво во розово.
„Посегање по чудесното“
од Србо Ивановски
(2008)
Веројатно мислејќи на бавчата со рози низ која шеташе мокар ветар и девојки во розови наметки.
„Посегање по чудесното“
од Србо Ивановски
(2008)
Попусто се обидува да го промени фонот на чувствувањата од црн во розов?
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)