Што се однесува пак на работното време, работниците се приморувани да доаѓаат минимум 15 минути пред почетокот на официјалното работно време, а во сличен манир, нивната работа никогаш не завршува после осум часа, туку како по правило секогаш им се додаваат по 15-тина минути „прекувремено“.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Сите постапки на работниците се постојано мониторирани, а над нив се врши константен мобинг.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Не бев сигурен, за себе лично, дали и јас би бил способен во слична прилика да постапам како него.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Патеката водеше до колибата на дедо Иван, која се наоѓаше во слична долинка, каква што беше Гоговиот Валог, само што беше помала и низ неа не течеше поточе.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Мислам дека филмот го става геноцидот и ниските чевли во слична - периферна зона на приоритети.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Размислувам за Иван. За тоа како ќе се однесував јас во слични околности? Не сум сигурен.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Помисли и на првите зборови што ти доаѓаат на ум!
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Бев спречен да присуствувам на погребот на мајка ми.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Дали ви се случило понекогаш и вие да се најдете во слична положба? - го прашав.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Затоа замисли си го во себе моментот кога Јана излегувала од продавницата. Како ќе и пристапеше.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Нели ние го вежбаме во слични ситуации да размислува и да реагира на сличен а ако е можно и на ист начин.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
-Да се впуштите во некој вид игра што вие лично ќе ја измислите за да решите некој ваш проблем?
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Како што покажува приказната со моине пријатели Французи, генеричките конвенции кои уредуваат што една послужителка смее да му рече на сосема непознат човек во Ен Арбор, а да не предизвика изненаденост, се разликуваат од оние што важат во сличните интеракции во Париз.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Тоа понатаму ќе биде уште помалку можно, зашто веројатно и јас ќе дојдам во слична положба, така што можеби мене ќе треба некој да ме растоварува.
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
Идејата на Енди Кларк е дека нашата еволуција можеби се движела во слична, иако обратна насока: сме почнале со високо паралелен и нехиерархиски хардвер (како птиците) и во одреден момент нашите мозоци почнале да симулираат секвенцијален и централизиран ум - текот на лингвистичка свест, којшто го восприемаме преку интроспекцијата.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Уредникот и писател Едвард Тенер неодамна пак, во слична пригода запраша: Зошто се чини дека седиштата во авионите стануваат помали како што авионите стануваат поголеми?
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
По приближно еден месец тој повторно нè посети и нè најде во слична состојба како и минатиот пат.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Во Татковата библиотека наредена во сличните по тема книги, се чувствуваше животот на секоја книга, небаре и прелистувањето на една таква книга беше во согласност со другите книги.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Ортега и Гасет уште во триесеттите години го напиша следново: „Како што се случува во слични кризи - некој се обидува да ја спаси постоечката состојба со исклучително, вештачко засилување на преживеаното начело.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Нечија смрт ќе нè потресе, некоја друга, што се случила во истиот момент и во слични околности нема ни да ја забележиме.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Не знам од која причина но тој ги повтори уште еднаш познатите наоди: дека вратарот изјавил оти преку ноќта портата не ја отварале а и утринава ја нашле заклучана; притоа и објаснувањата што ги добил од дежурниот лекар Јованов се движеле во слична насока.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Тоа ти се тие горчливи поигрувања на реалноста - многу уверливо разлагаше Б.С. а потоа повторно ме упати на веста.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Можеби во сличен случај и јас ќе постапев како него и како неговите пријатели!
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Војници, тукуречи во слични униформи шетаа по партините.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Двајца офицери нешто зборуваа и покажуваа со раце.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Милијарда неточни часовници што збунуваат.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Повторно, како секогаш во слични случаи во последно време, им бев лут.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Премногу се замислија самите себеси во слична положба за да можат да не си замерат.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
Змејко ми беше многу лут затоа што ме викаше да одам кај него, а јас ниту психички ниту физички не бев подготвена така лесно како првиот пат да влетам во слична шема.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
62 Интересно е да се забележи дека затоа што П. Шатев немал пари да плати билет за полицаецот што го спроведувал, морал уште со двајца, кои веројатно биле во слична ситуација, да патува пешки од Солун до Скопје.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Стег со голема резерва ги примил таквите гласови: “Јас не би бил наклонет да верувам во еден таков макевијализам на турските власти, и сигурен сум дека солунскиот валија Хасан-Фехми-паша не би се замешал никогаш во слични комбинации.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Мајка ми понекогаш ми приредува такви изненадувања, но и јас не ѝ останувам должна. Ѝ возвраќам на ист начин во слични пригоди.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
На вратата од мојата соба беше залепено уште едно писмо: „Гонцо, брат ти е „у шема”.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)