По добивањето на прегледот, работодавачот кој е обврзник за пријавување на податоците, е должен веднаш на осигуреникот да му го достави прегледот во хартиена или електронска форма согласно прописите со кои се уредува заштитата на личните податоци. (чл. 9 од ЗИДЗПИО/јул.14) Доколку работодавачот не постапи согласно оваа обврска ќе му се изрече глоба во износ од 2.000 до 3.000 евра во денарска противвредност. (чл. 10 од ЗИДЗПИО/јул.14) 55 Оваа небулозна, антиработничка и противуставна одредба, после масовните протести и изблици на револт кај оваа категорија на (прекарни) работници и пошироката јавност, конечно беше укината со чл. 1 од ЗИДЗПИО од јули 2015 година. 61
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)