Вака протолкуван, случајот на Крлежа конечно го наоѓа своето место во прилично амбициозната приказна на Кравар за судбината на хрватскиот народ во 20-иот век.
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
Г.Атанасовски е млад поет и ова му е прво објавување; неговата поезија има одредени слабости, но нејзината вредност се состои во снажниот и автентичен бес и револт, во прилично неартикулирана форма толку карактеристичен за помладите скопјани.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Значи, иако стануваше збор за две различни слики, и за настани што се случија во прилично одалечени времиња, за мене тие беа сместени еден покрај друг и притоа како да се дообјаснуваа, иако и самиот ја чувствував апсурдноста на ова поврзување.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
„Навистина постои нешто соновидно во читањето на хиперлитературата, бидејќи тоа е чуден простор, тоа хиперместо, многу послично на внатрешниот отколку на надворешниот простор, простор кој не им припаѓа на координатите, туку на фантазијата без обем.“ (Robert Coover) оберт Кувер, познатиот американски писател, во својот текст „Крај на книгите“ (“The End of Books” - The New York Times, June 21, 1992), кој би можел да се нарече програмски на еден специфичен начин, и во прилично обемната статија со наслов “Хиперлитература: романи од компјутер“ (“Hyperfiction: Novels for the Computer” - The New York Times, August 29, 1993.), зборува за една појава настаната во Америка во рамките на постмодерната, па потоа проширена и во Европа и Јапонија, и чиешто, можеби, наједекватно име би било: компјутерска литература.
„МАРГИНА бр. 1“
(1994)
И така се најдов над една подводна карпа, во прилично длабокиот вир.
„Добри мои, добар ден“
од Глигор Поповски
(1983)
Списите се подредени во прилично обемни картонски кутии, во кои, по сè изгледа, некогаш дамна, во нашиов град пристигнала пратка чевли од некогаш прочуената фирма Бата.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)